Ројал Алберт Хол – РАХ е првата женска рок група во Македонија
Првите македонски рокерки, сега.
Ројал Алберт Хол – РАХ е првата женска рок група во Македонија. Оформена е во 1988 од страна на Тања Радониќ, Весна Терзиевска и Зорица Јаковлеска. Прв пат настапуваат на рок фест во Дом на младите во 1989. Следната година им се приклучува и Бранка Костиќ – вокал. На истата манифестација го освојуваат првото место и 1990 год настапуваат во Суботица. Во 1989 настапуваат на градски стадион на „Рок-хепенинг“ заедно со Филм, ЕКВ, Масимо, Електрични оргазам.
Посетено 1.144 пати