Ријана На Насловната Страница На Дигиталното Издание “AnOther Magazine”
Страниците оживуваат пред вашите очи
[fblike]Овој месец AnOther Magazine го лансираше бројот, кој може да се
нарече хибрид на дигиталната и печатената форма, во кој,
покрај вообичаенитетекстови и фотографии, се појавува
и мини-филм со мегапопуларната Ријана
Најинтересна во овој број е самата насловна страница. Списание има 400 страници печатени во класичниот метод, но овој број го прави единствен токму насловната страница. Таа изгледа исто како екран и на тој принцип е направена, а од дисплејот заводливо ве гледа Ријана.
Ова всушност е еден мини-визуелни филм на познатото фотографско дуо Inez van Lamsweerde & Vinoodh Matadin и ако во “плочката” вклучите слушалки по вашиот избор, може да го доживеете и како аудио. Музичката основа, насловена како “The Sound of McQueen” беше создадена од страна на John Gosling, автор, кој уште од 1990-ите компонира музика за сите модни ревии на Alexander McQueen. На овој британски дизајнер му е посветен целиот број, а затоа во мини-видео записот, кој доаѓа со списанието, Ријана се појавува во архивските креации на McQueen.
Новиот број на AnOther Digital е веќе во продажба, во лимитирано издание од 1000 примероци по цена од 125 евра. Ако ве заинтригира ова необично списание, може да го купите на интернет страницата Yoox.com и во Selfridges и Colette.
Погледнете го видеото
[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=OnbYDckhDoE[/youtube]
Ријана на Инстаграм
Посетено 195 пати