РАЗУМЕН КОМПРОМИС

Освен што жена ми не ја пуштамrazumen kompromis-panker_majkatiitatkoti
да иде на кафе со другарки,
и после работа мора право дома
а и на гинеколог не смее сама,
него само со мене,
јас сум уствари многу либерален тип!!!
Еве на пример на моиве органи сум им дал
слобода што сакаат да прават додека спијам
а по можност и некоја работа да фатат
па да го делиме ќарот.
Срцето на пример секоја вечер седи на клупите
пред Малага и на луѓето од блиското казино
што искачаат со скршени срца и празни џебови
им дели совети, ги теши
За жал тука нема пари!
Дебелото црево свири тромбон во бенд
и секоја вечер има свирки по клубови
Супер, ми носи по 250 ден дневно.
Мислам дека ме краде ама ај, да не тупам.
Тенкото црево им помага на тие со суцидни намери,
им помага да се обесат, 4 евра од саат, не е лошо
Јетрата пак се вработила како Виледа во Балет
Супер и’ е, што алкохол има муфте испиено
кога со неа го чистат шанкот
Ама ќар – нула, стално се враќа дрво направена
Курот( или пенисот, или el pene) и бубрезите работат хонорарно
во Паркови и Зеленило, нешто како систем капка-по-капка
прскаат по тревници, ептен досадна работа,
башка плаќаат на трансакциска,
целиот ќар ми иде на даноци.
Левата нога отиде да игра за репрезанција
и и’ се урани, не се ни врати….ма кој ја ебе!!!
Левото и десното око не знам што правеле, ништо не ми зборат
ама се скарани, левото си гледа само на лево, десното на десно
Во принцип се супер си функционира,
ама кога ќе се разбудам се осеќам капнато.
Изгледа ќе им забранам на органите да прават што сакаат
ама ќе направам компромис,
жена ми ќе ја пуштам сама на гинеколог.
Не баш сама, и јас ќе бидам со неа ама нема да гледам
кај буричка докторот
Разумен компромис, то го научив од реклами.

Посетено 1.068 пати