5 Карактеристики Кои Ги Имаат Креативните Луѓе, А Кои Повеќето Луѓе Никогаш Нема Да Ги Разберат
Креативните луѓе се бељаџии. Тие се навлечени на дрога. По малку се и чукнати. И вообичаено се облекуваат смешно… многумина од нас би се подзамислиле.
Креативните луѓе, по дефиниција се поинакви. Се разбира, секоја личност на овој свет е поинаква од било која друга, и покрај тоа што повеќето од нас вложуваат напори да се вклопат.
За креативните личности ‘вклопувањето’ е сосема спротивно од тоа да се биде креативен. Повеќето креативни поединци не се луди, тие едноставно се погрешно разбрани.
Се разбира, има и такви кои се буквално луди, но тоа се однесува само на мал дел од нив. Повеќето од нас не сакаат да лажат за тоа кои се вистински.
Креативните луѓе на светот гледаат од поинаков агол
Истовремено пак, креативните луѓе се подготвени да го споделат со остатокот од светот она што тие го гледаат и начинот на кој тие тоа го толкуваат. За нив, светот е повеќе значаен, повеќе заплеткан, посложен и нуди повеќе можности во споредба со просечниот човек.
Креативните луѓе веруваат во возможноста на невозможното, бидејќи тие сфаќаат дека никогаш не можеме да бидеме сигурни за ништо.
Според нив, светот го исполнуваат безброј можности и тие само сакаат да остават свој белег. Тие само сакаат да ги дополнат веќе прекрасните дела на уметничкиот живот.
А кога го гледате светот поинаку од повеќето луѓе, тогаш вие се издвојувате. Некои луѓе не сакаат работи кои отстапуваат од вообичаените граници, се плашат од нив.
Други сакаат стагнација и непроменливост. Токму она што ни е непознато или пак недоволно го разбираме не плаши и остава простор да се појават недоразбирања.
Тие често се повлечени што често значи и осамени
Не е точно дека креативните личности не ги сакаат другите луѓе. Тие вообичаено поминуваат повеќе време сами со себе бидејќи на тој начин можат да се фокусираат на нивната имагинација и слободно да размислуваат- дури и да цртаат, планираат и создаваат.
Креативните луѓе треба да ја поддржуваат својата креативност. Во спротивно, таа ќе стане нешто недопирливо. И покрај тоа што тие уживаат во друштвотот на своите пријатели, сепак со страст гледаат на своите идеи и креации, понекогаш тоа достигнува и до точка на опсесија.
Но кој може да ги обвини? Доколку имате работа која е потребно да се заврши, тогаш за да бидете продуктивни потребно ви е да поминете некое време сами. Секогаш има време за да се социјализирате.
Причината поради која креативните луѓе секогаш се чекор напред во натпреварите не е затоа што тие се попаметни или затоа што размислуваат без ограничувања, тие едноставно имаат добра работна етика.
Тие се веќе навикнати целосно да се внесат во проектот и да дозволтат тој целосно да ‘ги потроши’, тешко е да се натпреварувате со нив.
Тие не ги осудуваат своите способности на ист начин како другите
Тие не се секогаш добри во училиште или на работа (која повеќето ја сметаат за нормална работа), затоа што тие повеќе би сакале да прават нешто и да создаваат отколку да учат и да работат. А и се разбира, кој не би го преферирал тоа?
Единствената разлика е во тоа што креативните луѓе се посветени на креативноста. Нивната страст не може да биде отфрлена.
Ако вие сте креативна личност, тогаш речиси со сигурност ви пречи да правите монотони работи. Кога сте креативни, живеете од возбудата да направите и да научите нешто ново, да пробате нешто поинакво.
Креативните луѓе одат на училиште и одат на работа како и остатокот од светот, но само поради тоа што така мораат. Голема е веројатноста дека тие ќе прифатат работа која е далеку од идеална се додека да бидат во можност да најдат нешто кое ќе го заинтригира нивниот творечки интерес.
Тие се почувствителни
За нив животот е посветол и погласен, но не бидејќи имаат поизострени сетила, туку бидејќи обрнуваат поголемо внимание.
Креативните луѓе често се повлечени, но исто како што поминуваат време гледајќи на работите од внатре, тие поминуваат време гледајќи и од надвор.
Обраќаат поголемо внимание на ситниците, а со тоа им овозможуваат на тие мали нешта да поттикнат поголема емоционална реакција во споредба со просечните, не толку креативни индивидуалци.
За нив, светот има поголемо значење. За повеќето од нас, светот околу нас претставува само замаглена слика. За креативните поединци, тој е се.
Креативните индивидуалци често знаат да се изгубат на патувањето наречено живот. На никој во животот не му тече мед и млеко. Креативноста може да направи справувањето со реалноста да ви биде потешко.
Тие се ‘сонувачи’
А луѓето погрешно ги разбираат ‘сонувачите’. ‘Сонувачите’ секогаш сонуваат за промена. Тие сонуваат за подобар свет, подобра реалност, подобра иднина. Тие можат да го замислат и незамисливото и често веруваат дека можат невозможното да го претворат во возможно.
Тие се научени да не ги штедат своите раце и се проактивни- страшна комбинација ако сакате да ги задржите работите онакви какви што се. Креативните луѓе живеат живот кој се заснова на промени. Или поконкретно, промени кои тие ги воведуваат.
Луѓето секогаш се плашеле и ќе се плашат од луѓето кои сонуваат. Ние ја претпочитаме задоволната и просечна популација. Не сакаме да ги обликуваме мислителите и луѓето кои отстапуваат од вообичаеното. Ние сме нација која најголеми напори вложува во создавање и обликување на средната класа.
Посетено 5.247 пати