Распетието На Пит Доерти Во Лондонска Црква

Уметнички проект пред Велигден
Life-Sized Sculpture Of Pete Doherty Being Crucified Is Unveiled In A Church
По повод најголемиот христијански празник Велигден,
една црква во Лондон привремено се претвори во уметничка галерија,
а главниот експонат на изложбата е скулптурата на распнатиот Пит Доерти
Скулптурата на Пит Доерти со наслов “For Pete’s Sake” (Во името на Пит)”, алудирајќи на фразата “For God’s Sake” (Во името на Бога), го прикажува распнатиот музичар, имитирајќи го мотивот на распнувањето на Исус Христос. На овој дел музичарот почна да работи уште пред неколку години, додека се откажуваше од зависноста од тешки дроги. Неговата борба со штетната навика Доерти ја претвори во уметничко дело, во кое му помогнал британскиот скулптор Ник Рејнолдс.
Скулптурата на Распнатиот Доерти “лебди” над редовите на клупите во црквата Св Мерилебон. Во прилог на инсталацијата на Пит “Во името на Пит”, во црквата ќе бидат изложени дела уште од  20 уметници, а изложбата ќе трае до 17-ти март, по што експонатите ќе бидат ставени на продажба, а сите средства ќе бидат донирани на Здружението “Missing Tom Found”. Проектот се одржува по повод престојниот Велигден, а покрај споменатата изложба, во лондонското метро ќе се одржуваат слични манифестации.

Life-Sized Sculpture Of Pete Doherty Being Crucified Is Unveiled In A Church

Life-Sized Sculpture Of Pete Doherty Being Crucified Is Unveiled In A Church

Посетено 363 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!