Принцез се роди

princez-naslovna_majkatiitatkoti[fblike]
Принцез се роди на денешен ден пред 21 година. Ние, родителите на принцез, не облековме пижами 3,5 години, немаше кога, пошто никогаш не заспа  Кога пркна, прозборе на една година и од тогаш уста не затвори. Во ноќта глува стануваше од креветчето, се потпираше како на шанк на оградичката со наредба – “мозе мwеко”! И така до ден денешен, среќно и весело си живееме под команда.
Види вака принцез:
– да ги слушаш мама и тато
– да завршиш факултет на време
– да се омажиш за принц…….
Јоке, јоке…  Да си го тераш животот онака како што мислиш дека е најдобро, да возиш внимателно и почесто да си ја средуваш собата.
И најважно од се’ – сакам секогаш да гледам радост во сините очишта мајкини.
Среќен роденден најмила!

595х90 px-01

Посетено 1.525 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!