Повторно отворање на Светскиот Трговски Центар по 13 години од ужасниот терористички напад
Издавачкото списание Conde Nast први се преместија во 104 катната зграда која е замена на познатите кули близначки.
Отворен: Новиот Светски Трговски Центар доминира на њујоршкиот хоризонт.
Тринаесет години по терористичкиот напад кој се случи на 11ти Септември, во којшто загинаа повеќе од 2 700 луѓе, Светскиот Трговски Центар го доживеа своето повторно отворање токму денес.
Издавачкото списание Conde Nast се првите кои започнале со преселбата во овој 104 катен облакодер од 2.5 милијарди долари кој доминира над небото над Менхетан.
Се издигна: Новата кула е сега највисоката зграда во северната хемисфера
Зградата е поставена на површина од 16 ари на местото кадешто некогаш се наоѓаа идентичните кули-близначки и кадешто на 11.09.2001 беа урнати од двата киднапирани авиони.
“Хоризонтот на Њу Јорк е повторно целосен со овој Еден Светски Трговски Центар во Менхетан”, рече Patrick Foye, извршен директор на пристанишните власти во Њу Јорк и Њу Џерси, кој воедно е и сопственик на зградата и сајтот на Светскиот Трговски Центар.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГАЛЕРИЈА
Г-дин Foye додаде дека” Еден Светски Трговски Центар поставува нови стандарди за проектирање, изградба,престиж и одржливост.
Отворањето на оваа исконска зграда е голема пресвртница во трансформацијата на Менхетан во просперитетно соседство кое функционира 24/7.”
Отворањето на највисоката зграда во западната хемисфера првично беше закажано во 2006, но пречекорувањата на трошоците и политичките заткулисни пресметки предизвикаа неколку одложувања.
Трагедија: Светот гледаше во хорор за време на терирористичките напади на 11 семптември 2001.
Досега се издадени под наем 60% од зградата преку рекламните компании и инвестициските групи кои се приклучиле.
Во пролет, можноста да се набљудува од 102от кат ќе биде отворена за целата јавност.
Овој Светски Трговски Центар има поглед на националниот споменик и музеј” 11 Септември”.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГАЛЕРИЈА