Последно заедничко утро

Во црните гаќички и розевиот градник се прошета низ одаите од неговата куќа. Сакаше да го запамти секој детал од тоа последно заедничко утро. Небаре тукашна домаќинка, вешто се снајде и во кујната. Не и беше прв пат да гостува. Веќе знаеше каде стои се’. Го зеде ѓезвето од висачот, ги одбра и омилените шолји за кафе и стави да се вари нивното последно заедничко кафе. За последно беше. Последно заедничко утро во негова близина…

Recisi gola se setkase_majkatiitatkoti

Се насмевна кога ја виде како по гаќички се вртка околу кујната. Уживаше во глетката, карајќи се себе си “Каква среќа испуштам од себе! Убаво ми прилега, не само во постела, туку и утрото е убаво кога таа низ одаи речиси целосно гола се шетка.“ Речиси безшумно, помина крај неа и ја допре околу половината. Нежно ја бакна на рамото, ја погали по краткото косиче и се фрли на креветот. Лежерно се оптегна небаре крал на својот престол кога таа го стави кафето пред него и удобно се смести во десното крило на неговиот скут, шепотејќи му на увце “со љубов, за тебе љубов моја“. Небаре ова беше нивниот среќен ден, се обидуваа да се шегуваат додека удобно склопчени како стари љубовџии уживаа во утринското кафе. Посебно таа! Го гледаше со сјај во очите. Сакаше да го запамти секој детал кога утре ќе го нема ова исто утро.Внимателно го посматраше секој дел од неговото тело, секое движење на рацете и усните, посебно задржувајќи го погледот кон неговите очи. “Аххх, ќе ми фалиш! Проклето ќе ми фалиш!“, низ заби изусти во себе си… Очите и добија стаклен сјај, додека солзи и навираа во очното дното. Тивко шмркна, обидувајќи се да се соземи. Го сврти погледот да не го расипе моментот на последната нивната среќа помешувајќи го со нејзината болка и тага.

Срцето и се кршеше, но вети дека ќе биде силна. „Само за добро да е“ и прелетуваше мислата, додека последното кафе свиена во негови прегратки го пиеше.

Небеше крај, само беше збогум…

Збогум на кафињата доцна во ноќта.

            Збогум на непроспиените ноќи во негови прегратки.

            Збогум на дочекувањето на утрото во негови прегратки.

            Збогум на будењето крај него,

            Збогум на намигнувањето на сонцето, секој пак кога ќе ја начекаше во негова постела.

            Збогум на препелкањата меѓу шарените чаршави.

            Збогум на слатките задоволства…

Не дека сега сонце не ќе угрее. Не дека сега кафето ќе стане горко. Ама ќе биде вистински пекол и денот и ноќта без него!

Како ли да го пречекори прагот на неговата куќа велејќи му збогум, знаејќи дека никогаш повторно нема да се врати?!

            Како ли да ја напушти удобната прегратка, знаејќи дека утре не ќе може пак да му сврати на тоа слатко утринско кафе или да се прикради во неговите прегратки доцнаво ноќта?!

            Како ли да шетка меѓу луѓето среќна и насмеана, знаејќи дека повеќе никогаш нема очите да ги израдува со неговиот лик, срцето да и зачука кога случајно ќе го сретне и телефонот да се откости од повици со неговиот повик за убав ден?!

Нејзините мисли ги сепна кога отиде до џубокосот и оѕвонуваше “Дојди, дојди, ноќва ми дојди на тоа кафенце…да не те болат прсти од тастатура, можеби не сме еден за друг, но дојди да пробаме…“  Ја поздрави со “химната“ за да ја разведри на нивната разделба со песна која повторно ја повикува на кафенце, како што и сета приказна почна. Каква иронија, токму на нивната последна заедничка средба… Со насмевка желно ја гледаше додека тивко и потпевнуваше. Со насмевка и таа му возврати. Но, почувствува дека зад нејзината насмевка се кријат насолзени очи, затоа ја подигна и ја сви в прегратки. Ја држеше цврсто припена до неговото тело, додека желбата да ја има повторно во него растеше. Знаеше дека се екстремно луди, но по тоа беа посебни. Милион пати си рекоја, “ова за последно е“, но никој пат не беше така. Напротив и следната ноќ, и следната и следната и немаше крај на нивните тајни средби.

Но, овој пат, навистина беше за последно, за навек.

И нели последните мигови треба да бидат најубави, оти во приказната тие остануваат, остануваат највеќе да се паметат. Но, како да се препушти на задоволството знаејќи дека утре ќе го нема…?!

Фалеше виша сила, за тој и таа да станат едно.

Можеби никогаш нема да пронајде некоја што ќе го сака како што таа умееше…

Не дека не ја сакаше, но мислеше дека не е на начинот на кој заслужува.

Не дека и него не му светнуваа очите кога ќе ја видеше, но нешто фалеше.

Фалеше да сака никогаш од раце да не ја испушти!

            Фалеше да и рече, “не оди си, оти денот не е ден без тебе!“

            Фалеше да и рече, “Остани. Остани да се љубиме и еден во друг да се изгубиме!“

            Фалеше да ја запре, да не дозволи да ја испушти љубовта.

Многу, малку, ама ете, нешто фалеше…

Само нежно и страстно во исто време почна да ја бакнува по телото, да го вдишува мирисот на нејзиното тело. Сакаше секогаш да го чувствува, кога утре сам ќе шета низ ѕидовите на неговата одаја. Сакаше и утре да го замисли нејзиното вито тело како се врцка пред неговите очи кога навистина ќе ја нема.

Имаше многу да му понуди, тек почнуваше, но, се сепна кога виде дека во битката сама со себе се бори. Се бори да задржи човек, кој упорно не се решаваше да ја задржи.. Можеби и сам не беше свесен што навистина се случува. Што навистина ќе биде она другото утре. Остави времето да ја заврши целата приказна, оти веруваше дека времето никогаш ништо не остава недозавршено…

Б.Ј.

Посетено 5.004 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!