Понеделник во неделен фустан
Понеделник
во неделен фустан
е дебела ескорд-дама
од некој амстердамски излог
Понеделник
во неделен фустан
е импотентен нимфоман
во некое лондонско предградие
Понеделник
во неделен фустан
некако мириса на минато
ко овој последен стих
Понеделник
во неделен фустан
е слеп футурист
заробен во историјата
Понеделник
во неделен фустан
е клуч од лудница
на бравата од твојата спална
Понеделник
во неделен фустан
е љубов со рок на траење
во некој подрумски рафт
Понеделник
во неделен фустан
е олукот над собата твоја
кој метрономски куца крај
А надвор есен, по миљардити пат…
Посетено 217 пати