Пазете се, некој меѓу нас не е наш!
80-ти години, прошли век
..у школо кога идев, у руско, за време на Советскиот сојуз, а нешто зезнев или им исконтрав, професорите како воспитна мерка користеа испрашување на Манифестот..знаете кој..и ти вика, ај ти Соња, сега кажи го вториот пасус од 47 страница.. и јас верглај, верглај се` додека не им здосадам..друг пат, место униформа ќе облечев фармерка и џемпер, вратарот пак ќе ме тераше да рецитирам шести пасус од страна 22, за да влезам на часови..мислеа ќе ме фатат на незнаење за одма да почнат Вие, западњаци, изроди, неуки, капиталисти, ово, оно…ама шипки! црпката ми работеше до толку, да можам одма да им затнам уста..и казните од по 50 склека, им ги правев по 60..они мене, за мене и мојата држава?..ме почитуваа до крај..
..у америчко друштво уваек бевме фраери и фраерки..гледавме заедно нови филмови, снимавме музика, мењавме батерии на вокмените..а боље шизевме од нив, увек!..е тука малку ќе не чепнеа и одма, а бе вие проруски ориентирани роботи сте, малку сте ваму, повише таму!..а бе дечки, еве ќе се нишаме на шанк, не ви се мешаме у штипки на ваш терен, али дај немој за мене и мојата држава!..респект до крај..
..и така додека маневриравме у тој еден велеслалом, исток-запад, квас-кока кола, виски-водка, Синатра-Висоцки, се оформија многу карактери, ставови, спортови и преживувања..убави дружби, големи љубови, мали заебанции и високи политики..све на наш рачун у туѓа држава..ако укључиш кликерот, волшебни моменти..
2016, овој век..
..у своја држава, дома, кај што си роден, кај што од мајка си доен, од татко воспитан, каде милото ти е помило од рајот, каде душата ти се лепи на секоја нота, каде срцето ти плаче за секој близок заминат..каде што све што е послано е твое, од мајка природа подарено..е тука, брат да се пазиш од тие бандите, кои ни на живо се радуваат, ни на мртво плачат..кои не чуле за Циганите летаат кон небото, уште помалку за Источно од рајот, а ради реда стискаат лајк на Пред дождот..џабе ти е црпката која ти вергла 300 на саат, за да извозиш велеслалом меѓу своите, кога за нив не си ни од едните, нит од другите, ти не си нивен!..у превод, лош, грд и злобен!..
..деца, мама ќе ви рецитира, пее, шизи, вози, исто ко што го правеше тоа на ваши години по туѓи земји, ама мама не дава дома некоја будала да ви ја земе младоста, радоста и сонот!..и секогаш пазете се, некој меѓу нас не е наш!..