Пациент е и маж и жена.. и болката е маж и жена
Од вчера детално пратам коментари во врска со случајот за измислената бременост од страна на доктор. Случајот е морбиден, во сите чекори. За здравството нема да коментирам, секој ден е се поочигледно дека здрави тонеме во болест. Си даваме меѓусебна поддршка и толку. Има и такви кои што осудуваат пациенти, било од укост или неукост важно е да се вмеша секој. Не е ни тоа толку трагично, колку што исходот е поразително лош. На душман да не му помислиш.
После сето ова, секој пациент без разлика дали се работи за вадење заб или било која дијагноза, треба да се запраша дали му верувам на докторот?
ТРЕБА? Ако до тука е стигната работата, мислам дека лечењето е завршено тука, веднаш..
Кој повеќе, кој помалку сите имаме изодено по тој пат, по тој лавиринт наречен здравство, право на пациентот и одговорноста на докторот. Помислете некогаш, дали ова можело и вам или на некој вам близок да се случи. Како понатаму? Кој колку има сила да се избори со болката?
Сите се знаеме, никој ништо не знае!
Коментарите од страна на мажи кои осудуваат жена во момент на болест, слабост, надеж и верба е најстрашното нешто што го доживеав во следењето на овој случај.
Престанете веднаш! Многу боли!
И да! Вашата мајка ве родила! Секоја неумесна критика ја испраќате како многу јасен сигнал токму на тој што живот ви дал!
(пациент е и маж и жена.. и болката е маж и жена)