Ова се работите кои ве прават богати и не се поврзани со пари
[fblike]
Парите се супер да ги имаш, но постојат работи во животот кои можат да не направат богати, иако не се поврзани со материјалното.
Што ако имаме пари кога можеби не се чувствуваме среќно, исполнето, сакано…
Ова се работите кои не прават богати сите доколку ги имаме, а не се поврзани со пари.
Верен пријател
Да имаш верен пријател, кој нема да те озборува, нема да ти завидува и ќе те сака безрезервно е тешко денес.
Верните пријатели се вистинска реткост, оние на кои можеш да им се јавиш во 3 часот наутро за да си направите муабет, без да ти спуштат.
Затоа доколку имате некој ваков пријател, верувајте вие сте многу богати.
Семејство кое не сака и го покажува тоа
Сите имаат семејство, но не секое семејство има мир и слога во домот, а доколку вие имате семејство во кое владее мирот и слогата, како и меѓусебната љубов, тогаш сте богати.
Би биле уште побогати доколку таа меѓусебна љубов се покажува постојано.
Мудрост
Да имаш мудрост е поважно од пари. Мудар човек е веќе духовно богат, а тоа е поважно отколку да бидеш богат во материјална смисла.
Искуство
Без разлика дали се работи за искуство со личности, парувања, безизлезни ситуации, проблеми…искуството е секогаш добредојдено и скапоцено.
Тоа е така бидејќи ако имаме искуство, ќе знаеме како да се поставиме во различни ситуации и како да решаваме проблеми во иднина.
Доколку пак се работи за искуство од патување, човек кој патува и стекнува искуство по пат е најбогатиот човек на светот. Тие што патуваат знаат за што зборуваме.
Љубов
Денес луѓето често ја мешаат со интерес, но доколку ја најдеме онаа вистинската со вистинската личност која нема да ја меша со интерес како останатите, ние сме веќе богати.
Бидејќи љубовта денес е како дијамант, ретка и скапа.
Соништа и нивно остварување
Ако имаш соништа, веќе си побогат од оние кои немаат, но ако ги оствариш истите сигурно ќе се почувствуваш како најбогатиот човек во светот.
Спомени
Без разлика дали те прават среќен или те расплакуваат, секогаш ќе те дружат кога си сам.
Спомените се едно богатство во нашата глава кое никој не може да ни го украде, колку повеќе спомени, толку повеќе духовно богатство.
Личност со која би поделиле се
Викаат поделена среќа е дупла среќа, поделена тага е дупло помала тага, што значи доколку имаме некој со кого би поделиле среќа и тага, тоа значи дека сме дупло побогати од оние што се богати, а немаат таква личност покрај себе.
Посетено 2.166 пати