Хронологија На Еден Баксузен Настан

[fblike]Haw Par Villa theme park, Singapore
ВЧЕРА

21:55 – се спремам за искачање
21:55 – дечко и’ на Мери, еден огромен набилдан тип
се спрема да се види со неа
22:30 – дечко и’ на Мери ја крши од тепање
покрај една бандера
22:30 – поминувам улица ама една кола ме мава
и летам низ воздух
22:32 – овој уште ја тепа
22:32 – јас уште летам
22:35 – Мери паѓа на тротоар
22:35 – јас удирам во бандера, паќам врз дечко и’
а он паѓа во несвест
22:50 – доаѓа Брз Помош, пошто имаат само 2 лежалки
него го сместуваат на едната
а нас двајца како помали заедно во другата
22:53
„здраво, јас сум Зоки“
„мило ми е, јас сум Мери“
„си имала некогаш секс во Брза Помош?“
„не“
„ни јас, сакаш сега да пробаме, оној твојон во несвест е“
„не можам сега, сите коски ме болат, ај друг пат“
„па какви ни се шансите пак заедно да се возиме во Брза Помош?“
„ќе изнајмиме“
„еј да, добро ти текна“

22:54
„секс ќе имате само во кола од погребална, сега ќе ве убијам“
-не прекина гласот од дечко и’ кој очигледно се освестил
„Зоки, сме наебале, ништо од друга шанса“
-тажно ми се обраќа
„ мислам дека си во право,
ама па ни во погребална кола не сум пробал“
„хаха и тоа што викаш, ни јас…. ај утре ќе пробаме ако
заедно не’ возат на погреб“
22:55
Се гушнавме колку што можеме со скршените коски
додека сенката на огромнион полека се надвиснува врз нас
ДЕНЕС

12:00 Мери ја погребуваат во Ѓ.Петров
12:00 мене ме погребуваат во Бутел
БАКСУЗИ, ништо од сексот во погребална кола
Посетено 1.645 пати