8 Показатели Дека Си Имате Работа Со Социопат
Националниот институт за ментално здравје ја дефинира социопатијата како ”непочитување и крштење на туѓите права кое започнува во детството, трае низ адолесценцијата, се до зрелост”. НИМЗ надополнува:”Лицата со антисоцијално растројство на личноста често ги занемаруваат законите и моралните норми, лажат репититивно, изложуваат други луѓе на ризик за своја корист и при тоа покажуваат голем недостаток на каење. Ова уште се нарекува социопатско растројство или социопатија. Еве неколку атрибути по кои ќе ја познаете:
1. Социопатите се често шармантни и харизматични:
Тие знаат точно што треба да кажат и затоа се господари на манипулацијата. Инстантно ги оценуваат вашите стравови, слабости и желби и си играат со нив. Но, тие не се заинтересирани за вас, заинтересирани се за тоа што можат да искористат од вас.
2. Често зборуваат поетично. Нивната дикција е беспрекорна, дури хипнотичка:
Зборовите на социопатите им служат за една цел: Да се добие, да се зголеми или да се одржи моќта и контролата. Знаат точно во кое време што треба да кажат и се експерти за илузии, фантазирање и лажна надеж.
3. Спонтани се до точка на присилување:
Бидејќи се склони на возбуда, постојано бараат новитети, изненадувања и екцеси. Затоа се љубители на пороци како коцкање, алкохол, дроги, промискуитет. Овде всушност знаат да ја изгубат вешто неместената маска.
4. Никогаш не чувствуваат вина, срам и каење:
Бидејќи емпатијата им е слаба страна, социопатите ги гледаат луѓето само како објекти. Кога имаат судир со законот, попрво би обвиниле некој невин, одколку да си ја сносат одговорноста. Кога станува збор за емоции, тие се шупливи особи.
5. Доминантни се:
Како што спомнавме, луѓето за нив претставуваат пиони за мрдање, корист и манипулација, па дури освојување и уништување.
6. Имаат тенденција на висок интелект:
Иако имаат недостаток на емоционална интелеѓенција, харизмата и способноста за манипулирање создаваат илузија при која навидум изледаат интелегентни.
7. Немаат развиено никаква емпатија:
Социопатите едноставно не ги сваќаат другите луѓе, така да воопшто не им е грижа за нив. Сепак, неодамнешните истражувања покажуваат дека има можност во мозокот да се појават ‘морални центри’ и дека социопатијата може да биде предизвикана од нервни причини.
8. Тие се опасни лажговци, спремни и лукави:
До толку што се надарени и безмилосни, лажењето не им причинува никаков стрес. Можат без проблем да го измамат детекторот за лаги.
Посетено 2.739 пати