Оние Што Ти Зборуваат Слатко, Уште Послатко Ќе Те Заебат
Се прашувам зошто секогаш оние кои ти зборуваат слатко,
уште послатко те заебуваат?
Можеби од толку слатко им се кренал шеќерот, им удрил во крвта, крвта во мозокот, мозокот во мислите, а тие тебе во срцето со зборови или во најлош случај со нож во грб.
Но, не за џабе викаат, се што е слатко, трае кратко.
Престанав да им верувам на оние што слатко зборуваат секогаш, започнав да им се обраќам само на оние кои искрено ме мразат, наместо да сум наклонета кон оние што лажно ме сакаат.
Како викаат, подобро да си опкружен со искрени непријатели, отколку со искрени пријатели, бидејќи она што може пријател да ти го направи, непријателот никогаш нема да ти го стори.
Но, само пријателите не се услов за слатко заебување, тука доаѓаат и љубовните партнери.
Во однос на љубовни партнери, без разлика дали се работи за машки или женски пол, доколку истиот ви се обраќа постојано убаво, милозливо, наклонето, трча по вас, ви кажува колку ви угодува, се фали колку е добар, на крај бидете сигурни дека ќе ви се обрати со најгадни зборови, клоца во задникот и пофалба колку сте биле глупави кога најмалку очекувате.
Единствено семејството и блиските роднини се оние кои со слатки зборови секогаш ќе ти го засладат животот уште повеќе, а со горчливите ќе те испратат на вистинскиот пат.
Секако дека понекогаш прифаќам комплимент или добар збор од останатите, но секогаш го анализирам истиот барајќи сјај во очите на тој што ми го упатува.
Доколку не знаете дали некој ве лаже или не, секогаш одговорот побарајте го во неговите очи, тие никогаш нема да ве излажат, очите не можат да лажат.
За разлика од јазикот, тој може да ти го милува вратот како пердув, а на крај да го сече како сабја.
Затоа не верувајте им на оние кои постојано ви зборуваат слатко со лажен сјај во очите, уште послатко ќе ве заебат или одебат, додека пак оние што понекогаш ви се обраќаат горчливо се оние кои навистина се грижат за вас и ќе се обидат наместо со зборови, со дела животот да ви го засладат.
Посетено 5.229 пати