Ода на љубовта во Париз
Grand Amour Hotel
Сестраниот André Saraiva, со своите сјајни street art уметности
повторно ја украсена атрактивната париската локација
Експлозија на бои, авангардни слики кои враќаат во времето на најсјајните надреалистички уметнички дела, шармантно расфрлани перници и хумористично насликани бањи. Во десеттиот арондисман сместен е Grand Amour Hotel, кој целосно го прифати значењето на поимот “чувствувајте се како дома”. Сопствениците на хотелот се исто така негови постојани станари. Само 42 соби, шармантната градина каде што постојано се појавуваат детали на срца, ресторанот кој работи цело време, но и библиотеката, се само некои од интересните карактеристики на овој париски хотел. Графиките на André Saraiva се толку храбри поради што претенциозните критичари заклучиле дека целата содржина на хотелот можеби е премногу шарена, но тоа нема да им пречи на посетителите на хотелот. Всушност, лесно може да ги замислиме као ги фрлаат куферите на страна, земајќи ги своите мобилни телефони и апарати сликајќи ги сите вредни детали кои веднаш ќе ги објават на Инстаграм.