Очите се прозорецот на душата

prokulin_majkatiitatkoti
Се гледам во огледало, што да видам?
Душава партал, матна, крвава, искривена
Лошо,лошо….. идам право во црква
и му се жалам на попот
„Од кај знаеш па ти каква ти е душата?“- ме прашува
„Се видов во огледало, а нели ’очите се прозорец
на душата’ и од тоа што го видов се извадив од памет“
„ааа, на тоа мислиш? … еве ти едни Свети Капки за очи
ќе ставаш 3х1 и ќе ти се исчисти душата“
„Фала попе“ – му дадов 3500 ден
според тарифникот за чистење души,
му пољубив рака, крстот што го носи,
му дозволив да ми удри
2 чврги, тркнав и до трафика да му купам цигари
и цел среќен идам дома
Ја одвиткувам хартијата и што да видам?
Ми дал најобичен Прокулин од Алколоид
со одштампана цена на кутивчето 200 денари
Ејј како ме заеба ама ај да не се жалам,
сам си го барав.
Само нареден пат кога ќе чистам нешто па макар
и плочките во ВЦ никако влегување во црква!!!
И уште нешто, ако мислите дека душата ви е
крвава, отечена, матна и ве пече,
без гајле, ништо не и’ фали,
само значи дека сте имале бурна ноќ
Посетено 744 пати