Обесчувствителен

Бегам од чувствата,
ги апстрахирам.
Ги шутирам, ги дегажирам.
Нема за нив место во мојата поезија.
Има еден куп лигавици кои се лигават
за да им се лигават над интимата.
Читајте ги нив!
Чувства, ви чукна последниот час;
истајте се од мене, јас за вас
ништо не чувстувам!
Спокоен ко елка над неонка,
распослан а собран во едно,
ланска сарма со која се
одмотува новата година.
Сега едно големо УФФФ!
Некорисен воздух, олеснување,
обезмозочување…
Футуристи, екпресионисти,
надреалисти, постмодернисти…
ве читал ли некој вас овде?
Сè некои ќерки на Неруда и Превер,
поздодевни дури и од нив.
Чувства, ма во седум пцости одете!
Дваесет и први век е, ејјј!
А ќерките, забеганите…
Свесни ли се дека она што
го пишуваат не е нималку
различно од она што го
прави владата?
Романтизам, ништо друго.
Ослободен од формата,
летам како сијалица
околу пеперуга.
Ноќта ù ги врзала очите
на Месечината и играат
криенка.
Партали небо паѓаат
во мојата отворена уста.
Плукам и одам понатаму,
ништо не чувстувам.
04.01.2014
Посетено 400 пати