Норвешка со новиот пасош повторно чекор пред останатите
Ова е најдобрата патна исправа на свет.
Изненадувањето следува откако ќе се отвори…
Осло, Норвешка е по многу нешта уникатна земја, а сега ќе имаме уште една причина за да им завидуваме на богатите Норвежаните. Имено новиот норвешки пасош е ремек-дело на современиот дизајн и технологија.
Патните исправи се со корици во три различни бои(црвена, бела и сина) и изгледаат прекрасно, но вистинското изненадување следува кога ќе се отвори патната исправа и ќе се погледне под ултравиолетовите (UV)зраци.
Многу пасоши имаат отпечаток видлив само под УВ светлина, кој служи како дополнителна заштита против фалсификување но норвешките дизајнери отидоа еден чекор понатаму.

Страниците на норвешки пасош, на кои инаку е печатена апстрактна илустрација на еден типичен фјорд, под УВ светлина се трансформира во спектакл на поларната светлина.
“Норвешкиот предел со многу варијации од југот до севереот на земјата, е почетната точка за нашиот концепт”, гласи објавата во ПР-мејлот на дизајнерското студио Neue кое со оваа идеја победи на натпреварот за дизајн на нова патна исправа.
Жирито ја пофали едноставноста на предлогот и објасни: “атрактивен дизајн и стил, боите се суптилни и апстрактното прикажување на пејзажот е возбудливо”.

Норвешката влада најави дека ќе почне со издавање на новите пасоши во рок од две години.
Посетено 6.036 пати