НИ СВ. ЏОНИ РОТЕН НЕ МИ ПОМОГНА

„Оче морам да се исповедам, многу грешев“Glastonbury Festival 2013 - Day 4
– му викам целиот згужван во фацата
„добро Чедо Божје кога последен пат
си се исповедал?“ – прашува
„мислам никогаш, а можда ни тогаш“
„добро кажи ги гревовите“
„па се вратив дома многу пијан, ама најмногу
и многу бев гладен и жеден“
„и?“
„и го видов аквариумот и ми текна да ја испијам водата
заедно со рипките,
знете сега е модерно тоа 2 во 1, “ 3 во 1, како нескафе“
„и?“
„и тоа и го направив ама ми се слоши и повратив во фикусот“
„офф Чедо божје голем грев си направил“
„ама тоа не е се“
„што, уште има?“
„да, ми текна дека немам ризла па ги испокинав листовите
од фикусот и направив 23 џоинта
па одма издував 3“
„леле Чедо Божје“
„и ми се приспа и влегов во спална
и во креветот ја видов
жена ми со швалерот“
„и како израегира?“
„па како можам, извадил пиштол и ги изрешетав“
Попот ме гледа со ширум отворени очи и подзината уста
„и тогаш упалив светло и над креветот имаше огромна
фотографија од Фото Бимбо од едне пар во матично,
он во глупо одело
а таа во невестинска хаљина “
„и?“
„и ми текна дека никогаш не сум се сликал
во фото Бимбо,, се загледав поубаво
и видов дека не сме јас и жена ми.
Го тргнав ќебето со кои беа покриени
и укапирав дека сум убил погрешни луѓе“,
„како тоа погрешни?“
„сум влегол во погрешен стан!!!!!!“
„а колкав беше станот ?- ме прашува
па што знам, едно 50 квадрати„
„значи во живот не сум видел повеќе гревови
на толку мала квадратура“
„добро Оче, што да правам да ги исперам гревовите?“
„прво 8 саати ќе се молиш седнат на ВЦ- шоља,
ќе ми донесеш пакет зајтин ама ладно-цеден маслинов
немој некој Брилијант,Кристал и сл,
2 плави пешкири 50х50 и пакетче виледа“
„аха, а како да се молам?“
„па ќе кажуваш молитви“
„ама не знам ни една… уствари не знам
дали ова може да помине како молитва?,
Ако може ќе ја пуштам на рипит 8 саати“
-и му ја пуштам на мобилен Religion од P.I.L.,
„што?..што е ова? кој е овој?“
„па овој е Св. Џони Ротен може го знаете
од Секс Пистолс“
После 30 секунди овој посредников меѓу мене и Господ
ми прати таков злобен поглед
и душмански ми го акна телефонот од глава,
Леле на милион парчиња се скрши а нов ми беше
а ми искочија и 2 џмучки, една помала и една поголена
мада помалата и не ми стои толку лошо
некако пофраерски изгледам
Разочаран искочив од Божјиот Храм
со скршена душа и уште поскршен телефон
и тогаш ми текна дека имам уште 20 од тие фикус-џоинтите
Испафкав 5-6,, другите ги шитнав
и сега сум пун кеш
„кафани чекај те ме еве доаѓам“- викнав колку што ме држи глас
и влегов во првата
После тоа на ништо не се сеќавам,
имам дупка во меморијава

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=LvUdVbGmzFI[/youtube]

Посетено 589 пати