НЕШТО ИНТИМНО

Не знам дали знаете ама јас потекнувам од кромид
Да, од кромид, не од сперма
Кога мајка ми била девојка на балкон посадила
неколку тревки, зачини
и едно кромитче (т.е. мене)
Секогаш кога сушеше алишата врз мене
капеше вода збогатена со Орнел
и затоа кога пораснав не смрдев како обичен кромид
него мирисав на циклама, темјанушка и
уште некое цвеќе од Азија,
мислам дека вака се вика во оригинал 风信子
Кога дојде време за мојата насилна смрт
мајка ми не ме испржи како Похован Кромид
него одушевена од мојот мирис жив ме изеде заедно
со 1 увијач, 7 ќебапчиња, пилешки стек
утната нафора и едно пиво.
Дремев некое време внатре во стомакот заедно со нив
чекајќи да ме сварат стомачните киселини
ама да бидам искрен месиштана толку убаво мирисаа
што решив да ги изедам
kromid
Така станав првиот кромид-месождер во поновата историја
Нормално не иде тоа на суво па го испив и пивото
и така ептен многу пораснав што
мајка ми целата загрижена зошто и’ е толкав стомакот
отишла на лекар
а таму и’ кажале дејка е трудна!!!
Џабе и’ биле сите прашалници,
после некое време успешно се родив ЈАС
Не знам која е таа стомачна хемија што успеала
од кромид, месо и пиво да ме створи мене
ама не се жалам.
Затоа јас не јадам кромид, страв ми е да останам труден,
што е сигурно-сигурно, зашто да си имам
проблеми во животов?
Посетено 1.225 пати