НЕ ЗНАМ КАКВА ВРСКА ИМА ГИРОТО….

Халкидики, гирото го поскапеаriba-panker_majkatiitatkoti
од 2 на 2,11 евра,
насекаде демонстрации, крш се дешава
ама тоа не ни смета на Мишко и мене
да дремеме на плажа
-До колку длабоко можеш да пливаш? – ме прашува Мишко
-ехе..до крај – покажувам кон хоризонтот
-само толку?..јас можам уште подалеку
-е како не?
-се кладиме?
-ај
И така пливаме, пливаме, пливаме…
-слушај јас не можам више – конечно признавам
-ни јас
-а како да се вратиме, немам сила више да пливам
-ни јас
-ќе се удавиме?
-што знам?..изгледа
-Еј знаеш што?- ми текна-Ај да се претвориме во риби
-во риби?
-па да, ако сме риби не можеме да се удавиме
-а како да го изведеме тоа?
-ќе замислиме, ќе се концентрираме и толку
-мислиш ќе успее?
-па еднаш ми успеа, си замислив дека сум контејнер
и еден ми истури канта со ѓубре на глава
значи 100% ми успеало.
Се концентрирам….. осеќам како полека се претварам во риба,
уште малку …. и готово, се претворив во сардина.
Се вртам лево-десно и го гледам Мишко, едвај дише
-Не можам, ќе умрам!!! – ми лелека
-па нормално, кај ти текна на сред море да се претвориш
во речна риба, од толку риби ти сом одбра.. дебил
-јбг се заебав, знам
-него кажи ми го пинот пред да….Касно, умре
Го изедов да не иде фира,
отпливав до плитко и си ја вратив човечката форма
Само што искочив ме начека мајка му:
-каде е Мишко?
-Тетка Мира, што и да ти кажам нема да ми веруваш

Посетено 668 пати