Не дека сум парализирана, но не можам да мрднам кога ќе те видам

Не дека сум парализирана, но не можам да мрднам кога ќе те видам.

Не дека сум парализирана, но не можам да издишам, кога ми дишеш на уво.

Не дека сум парализирана, но така делувам кога ќе ме погледнеш. Стојам во место и чекам да ми пријдеш, да ме помрднеш, да ме здрмаш како струја со твојот допир.

Чекам да ме соблечеш, да го излижеш секој сантиметар од моето тело, чекам да ме парализираш со бакнежи, сакам целосно да ме анализираш.

Под чаршави, гола, во тој момент повторно парализирана од секој твој бакнеж, не можам да вриснам, не можам да издишам, можам само да ти ги заријам прстите во косата и да те галам.

Не дека сум парализирана, но не можам да мрднам кога ќе те видам како ме гледаш, со поглед ме соблекуваш, во мислите ме притискаш кон sидот, бакнувајќи ми го вратот.

Голтајќи ме со поглед така не можам да мрднам, замислувам како го голтам твојот јазик се подлабоко, додека влегуваш во мене се подлабоко.

Не дека сум парализирана, но делуваш врз мене како отров, ме труеш, но ми се допаѓа.

Те осеќам како цигара, знам дека ми штетиш, но сакам да те вдишувам.

Сакам да те испуштам како димовите кои полека се губат над чаршавите, додека ти си под нив.

Те осеќам како никотин, станувам зависна од тебе, викаат тој убивал полека, но сигурно, си викам, ако не се брзам, нека ме убие, но парализирана.

Така не само што нема да чувствувам болка, ќе те чувствувам како ме труеш, парализирана, а јас не можам да превземам ништо за да се спасам од тебе.

А и не сакам да се спасам…

Посетено 6.145 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!