Насликај ме како што ти сакаш
(Автор на цртеж: Филип Малезанов)
Земи ја четката и нека те води твојата фантазија.
Насликај ме полека, не брзај, насликај ме по твое.
Нацртај ми коса каква што ти сакаш, долга, нежна, убава.
Нека биде по твој вкус. Точно онака каква е во твојата фантазија.
Нека мириса нежно, со блага нота на овошни ароми. Како зрела цреша.
Направи ми очи кои ќе ја отсликуваат мојата душа, преку кои ќе ми ја видиш душата, нека бидат онакви какви ти што сакаш.
Нацртај ми усни кои ќе бидат само твои, усни кои ќе те бакнуваат се дури си жив.
Усни полни со љубов, усни какви што ти сакаш.
Нацртај ми тело кое ќе биде носител на мојата душа, тело баш какво тебе ти е потребно, тело кое ќе спие до тебе, тело кое ќе те грее со топли прегратки под љубовна прекривка во зима.
Кога ќе завршиш, вдахни ми душа каква ти сакаш, душа која ќе те носи со себе, душа која ќе биде онаква каква ти сакаш.
Нека биде сплет на се она што може да те направи среќен. Нека биде весела и ведра, добра и чиста како солза, нека биде по волјата твоја.
Кога ќе ме нацрташ целосно ќе знаеш дека сум само твоја, нацртана со коса и очи и душа како што ти сакаш.
Ќе бидат по твоја волја, баш како ти што сакаш.
Само тогаш можеш да кажеш дека сум само твоја и ничија.
Употреби ја твојата фантазија и насликај ме по твое и ќе бидам вечно само твоја.
Засекогаш.