НАЈДОБРИТЕ ЗИМСКИ ГАСТРО ФЕСТИВАЛИ ВО ЕВРОПА
Сент Мориц, Берлин, Рејкјавик, Милано, Мадрид
Погледнете во кои европските градови најдобро ќе се јаде оваа зима
Ако богатите трпези не го задоволат вкусот на вашето непце овој Божиќ и Нова година, ви претставуваме 5 гастро фестивали во европските градови каде што оваа зима кулинарската скала ќе се подигне до нови височини.
St. Moritz Gourmet Festival (Сент Мориц, Швајцарија: од 26. до 30 јануари 2015.)
Оваа година Швајцарија слави 150 години од зимскиот туризам и оддава почит на Англичаните кои први почнаа да ги отвораат своите зимски одморалишта на нивна територија. Токму поради тоа темата на овој фестивал ќе биде британската традиција во соработка со некои од најдобрите готвачи на Велика Британија.
St. Moritz Gourmet Festival ќе се одржи во хотелот Kempinski Grand Hotel des Bains, а организаторите ветуваат богата програма за сите гурмани со позадина на снежните врвови.
Gastrofestival (Мадрид, Шпанија; од 30. јануари дo 15. февруари 2015.)
Ова ќе биде петта година за мадридскиот Gastrofestival. Големо случување кое во Шпанија привлекува бројни учесници и гурмани, но тоа не е само гастро фестивал туку во него традиционално учествуваат галери, музеи и бутици кои заедно со рестораните и баровите креираат голем празник на европската култура. Оваа година се најавени преку 400 учесници така што сите 15 денови ќе биде навистина интересно.
Milano Food & Wine Festival (Милано, Италија; од 7. do 9. февруари 2015.)
Миланскиот Food & Wine Festival е краток, но секогаш сладок. Италијанска кујна, бескрајни потоци на италијански вина, оригинални вкусови… Организаторите оваа година ветија најбогата програма до сега, а сите гурмани ќе ги развеселуваат 19 врвни кувари од целата земја.
Eat! Berlin (Берлин, Германија; од 23. февруари до 1. март 2015.)
Младиот фестивал Eat! Berlin е едно од главните градски случувања во зима. Најдобрите ресторани, кујни, барови и вински визби од Берлин учествуваат во него, а интересно е колку големо внимание се посветува на вегетаријанската кујна и се организираат посебни работилници за сите заинтересирани.
Food & Fun Festival (Рејкјавик, Исланд,; од 25. февруари до 1. март 2015.)
За исландската кујна навистина не знаеме скоро ништо, а има ли подобар начин да дознаеме? Судејќи по насловот, фестивалот нуди и храна и забава покрај прекрасните пејсажи на овој северен остров. Најдобрите готвачи спремаат листа на јадења кои во текот на три дена ќе ја нудат во сите ресторани во градот, а готвачите лично ќе ги приготвуваат во кујните.
Culinary Cinema (Берлин, Германија; од 5. do 15 февруари 2015.)
Ова е одличен фестивал за гладните очи бидејќи секоја година на него се прикажуваат многу уметнички или документарни филмови повзани со храната. По завршување на филмските претстави, организаторите приредуваат одлични вечери и закуски во ресторанот Gropius Mirror на чие мени се наоѓа токму тоа што е прикажано во самите филмови.
Посетено 600 пати