Моето срце чука во 2/3
Го извадив македонсково срце од гради
го најдов копчето за регулирање
и од 7/8 го наместив
да чука на 2/3.
Морав, само зврчки ми правеше тој такт.
Го вратив на место, сега сум друг човек.
Времето ќе покаже дали подобар или полош.
Посетено 619 пати