Моето најдобро не беше доволно добро за тебе
Моето најдобро не беше доволно добро за тебе.
А ти…
Ти повторно тука.
Зашто продолжи да ја читаш онаа девојка која ти ја параше душата како да е платно,
па си кроеше свои кројки
Не разбирам.
Сосема добро ми беше и пред да знам дека го читаш она што го пишувам.
„Сите се враќаат кон своите недовршени нешта.“
Повторно!!
Јас и ти не бевме недовршена работа.
Ти стави крај, јас успеав да те надживеам.
Зошто повторно се враќаш?
Од сеќавања не се живее.
Ти имаш своја реалност.
Мојата не ми ја чепкај.
Пред 4 години ми велеше: дете си, не ќе можеш да поднесеш…
Гледај ме жена сум, ама си го чувам детето во душата.
Погледни ме.
Поднесов многу повеќе од твојата реалност.
Добро се понесов со секој удар на животот.
Го менувам светот.
Онака како што тебе ти го променив.
Ти допрев во душата.
А треба да знаеш како да допреш до срцето и душата на луѓето…треба да научиш да сакаш…
Зошто најлесно е да покажеш со прст и да обвиниш некого за вашите
грешки.
Најтешко е да научиш да простиш и да си простиш себе си.
Среќен си. Не ми требаш.
Автор: Бежовска Сања / Autor: Bezhovska Sanya
Посетено 1.373 пати