Ме потсетува се на тебе, бидејќи не ми даде ништо!

tumblr_inline_n6b5wrwzvl1sdlnpf
Ме потсетуваат заљубени парови на тебе, кога се држат за рака, бидејќи ти никогаш не ја фати мојата.
Ме потсетуваат прегратки на тебе, бидејќи сакав да ги добивам од тебе засекогаш, а нема да ги добијам повеќе никогаш.
Ме потсетува мирисот на свежо, измешано со цигари и машки парфем, ме потсетува дури и мирисот на пресно испрани алишта кои мирисаат на омекнувач, ме потсетуваат сите мириси што постојат на тебе, бидејќи ниеден не е сличен на твојот.
Ме потсетуваат бакнежи во чело, на рака, во око на тебе, бидејќи никогаш не ме бакна на тој начин, оној вистинскиот.
Ме потсетува омразата на тебе, бидејќи некогаш те сакав.
Ме потсетува кога ќе видам бебе на тебе, бидејќи сакав да го имам со тебе.
Ме потсетуваат куфери на тебе, бидејќи сакав да заминам некаде, било каде, следејќи те тебе, не прашувајќи те каде одиме, сега заминувам сама со куферот во рака, прашувајќи се сама кој правец да го фатам.
Ме потсетуваат мамурни утра на тебе, бидејќи некогаш сме ги дочекувале заедно мушнати еден во друг.
Ме потсетува се на тебе, бидејќи не ми даде ништо.
Ме потсетува љубов на тебе, бидејќи никогаш не ја почувствував од тебе, а сакав толку многу!
Посетено 3.039 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!