Мадам Депресија на куќна слава
Не толку дамна, на куќните слави, имендени и родендени госпоѓата Смеа, госпоѓата Дружба и госпоѓата Радост беа сталните и почитувани гости..без нив не се паметеше ниту салата, ниту сарма, ниту ракиичка, а камоли песна весела..тие три госпоѓи, со ненаметнати манири ја красеа атмосферата и ги правеа домаќините уште поубави и посрдечни….кој ли беше тој што годиниве, не им ги врачи поканите и ги избрка од домовите?..горниот да го казни….гледам нова гостинка, мадам Депресија ја поканиле!..до толку безобразна, што почна да се меша во секоја салата, во секоја чашка, а во сармата фино се извиткала, што не можеш да ја одвоиш од оризот и празот..чепкаш со вилушката, копаш со ножот да ја оттргнеш на страна од чинијата, но неуспешно..песна се слуша весела, таа мадам у позадина пее ли пее како пратечи вокал, појак од интерпретаторот..безобразна мадам, некултурна, прљава и досадна, што се гушка и си штрака селфи со сите..оди тргни ја, вели домаќинката на домаќинот, а тој немоќно слегнува со рамениците и на сите им тура уште по една чашка..а таа бара две!….стана еден од гостите и викна, избркајте ја мадам, многу е нахална и ненаситна, ни го расипува друштвото!..а од друштво големо, само тројца станаа, другите во сармата гледаа..ја влечеа, ја тегнеа очите и ги извадија, ама таа не се даваше..како поддршка, и` станаа салатата, ракијата и музиката, ја фатија и парче ја направија и од прозор ја џитнаа..тука и се виде крајот!…..многу ги сакам родендените, славите и имендените..но, моето присуство секогаш го потврдувам, откако ќе прашам кој е поканет..