London Calling…Но Јас Не Можам

London Calling ама јас не можам
немам виза во пасошот
London Calling ама јас не можам
домот ми е од другата страна на барикадите
Кога двете страни кренаа моќни раце
не раце со жуљеви, испукани
туку оние негуваните
што учеле низ фини школи
како да кренат барикади
што не се рушат од раката на сиротињата
Ме ебат овие дождови
ми плачат до прозорот
Тешко ми е да гледам,
А уште потешко да слушам.
Но тоа е, или спарингуваш или мислиш.
Спарингуваш додека не паднеш
мислиш додека не заплачеш.
London calling ама јас не можам!!!
Јас не сум дете на силните мисли
Јас сум од ова време, спремен леш..
Со било кое знаме, со било која химна
Ако моите пеат, пеам и јас.
Но со овие плочи не пеат.
На овие плочи никој не пее.
London Calling но јас не можам
јас сум закана, стока од истокот.
Но не било каква стока.
Има стока што ја поклонуваат
И стока што ја колат.
Но не и мене!!!
Јас не пасам по истите ливади
моите ѕвонци не ѕвонат.
London Calling но залудно е
плочите изгубија, песните им се предозираа.
Ме ебат овие дождови,
од еден до пет – дванаесет.
London Calling но залудно е
само скапи фотографии останаа.
Се што заврши во историја е поразено.
За се што се слават годишници е мртво.
London Calling ама јас не можам,
а кога ќе можам нема да сакам.
Жал ми е Џо, си ја испуши приказната
И затоа изгуби. А веруваше, веруваше Џо.
Жал ми е.
London Calling и еден ден ќе дојдам
кога Лондон нема да го има.
Посетено 781 пати