Крв, пот и секс: Мојот живот во порното

„Портрет од мене сред типична порно сцена: Пот ми тече по лицето, уморните нозе ми се млитави, вилицата ме боли, а вратот ме убива од необичните позиции“, пишува порно ѕвездата Аурора Сноу за Дејли Бист.


Работата во порно индустријата не е лесна пара, како што повеќето милуваат да кажат. Слично е како професионалната атлетика – потребна е издржливост. Додека сите имаат право на свое мислење за оваа индустрија, мислам дека повеќето луѓе се погрешно информирани за тоа што се работи.

Ве потсетувам дека порнографијата се снима за ужвање на гледачите. Летно време нема климатизери на сетот бидејќи се прегласни, и не е секогаш, дури ни често, гламурозно. Како и многу други порно ѕвезди, моите први сцени, кои ги снимав во мај 2000-та година, беа стереотипните „лесни пари“: обичен вагинален секс каде што глумев невино девојче заведено од искусен маж. Свежото месо добро се продава – тешкото доаѓа потоа.

Со текот на времето, сцените со „невиното девојче“ веќе не беа привлечни за потрошувачите, кои сакаа да гледаат нешто поразлично од етаблираните изведувачи, и бараа сцени во кои се туркаат границите. Овој процес се забрза во последнава деценија – девојките кои влегоа во порно индустријата во 2013-та година требаше од старт да се спремни за екстремни сцени. Заради ова забрзување, ќе има генерација на порно изведувачи кои ќе ги поминат повеќето години од кариерата изведувајќи екстремни сексуални сцени. Јас сум една од нив.

Се смеев за време на гонзо сцени, но потоа често се враќав дома со гадење, стуткана во топка и физички повредена. Секогаш има цена – она што им го правиме на телата кога-тогаш ќе стане видливо. Ако имаме среќа последиците нема да бидат трајни, ама ќе бидеме првата генерација на актерки кои ќе го дознаат тоа.

Порно актерките добиваат внатрешни истегнувања (и кинење) исто како што атлетите понекогаш ги повредуваат тетивите. Ниедно истегнување не може да ве подготви за она што се случува на сетот ако нешто тргне наопаку. Никој не сака да зборува за повредите (порно етика), па тешко е да се каже колку често се случуваат.

Колку што знам, повредите не се рутина, но голем дел од нас ги доживеале неколку пати. Мојата прва повреда се случи кога еден силувачки настроен колега толку малку го ценеше моето тело, што влегуваше во мене како да не сум живо суштество. Тогаш првпат се скинав, а режисерот предложи да ставиме повеќе лубрикант и да продолжиме. Беше премногу болно, но шоуто мора да продолжи. Инаку никој нема да добие пари.

Напорните сцени имаат своја цена врз телото, бидејќи осетливото месо трпи огромен стрес, а мускулите се растегнуваат до максимум. Јас имав среќа, знам неколку кои биле повредени од истите сцени што ги снимам и јас. Висок ризик, многу пари. Аналниот секс ја зголемува цената, дури 50% повеќе од вагиналниот секс.

Иако доживуваат помалку повреди, не им е лесно ни на мажите. Тие се соочени со срамот ако не можат да си ја завршат работата. Не сите мажи се палат на колешките со кои работат, ниту пак можат да работат со роботски континуитет, и тоа се пред публика. Благодарение на Вијаграта, дел од овие проблеми се скоро дел од минатото.

Култната порно ѕвезда Кристина Роуз се има појавено во над 400 филмови и добила неколку награди за своите изведби. Роуз знае дека оваа професија има и негативни страни. „Порното е лесно од аспект што не морам секое утро да станувам во 6 наутро и да одам на работа, а имам и многу слободни денови во текот на неделата. Но влијае на сè во мојот живот. Потешка професија е од што мислите, треба да внимавате на сексуално преносливи болести и да се справувате со секакви луѓе. Влијае и врз приватниот живот“, вели таа.

Порно актерите имаат една од најтешките професии. Да се биде во порно бизнисот значи да се помириш со стигма која ќе те следи до крајот на животот, а може да влијае врз способноста да најдеш нова професија во иднина.

Сепак, работата има свои квалитети и уникатни искуства. Никој не ти суди во порното – може да биде издувен вентил за сексуални фантазии и да им помогне на оние со фетиши да се чувствуваат поприфатено. Филмовите што ги снимаме можат да му помогнат на војник што служи долг рок, на брачна двојка што сака да си го зачини сексуалниот живот, или да бидат неконвенционален туторијал за секс.

Порното значи и популарност, а со тоа и глас во нашата заедница. Сексот не продава само порно, продава филмови, реклами и повеќето од тоа што го купуваме, а порно индустријата исполнува потреба во рамките на нашата култура.

Без разлика дали уживате во овој вид на забава, одвојте малку време да размислите за напорната работа што се вложила. Не се толку лесни парите како што многумина од вас претпоставуваат.

Посетено 45.038 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!