Кокошки – Вегани
Тоа се кокошки кои одбиваат да јадат просо или друга храна која е произведена искористувајќи го човечкиот труд. Тие сметаат дека и луѓето се живи суштества и дека тие имаат право на живот и слобода, а не по цел ден да рабуваат на нива, за да ги нахранат кокошките. Јасно им е дека и луѓето имаат централен нервен систем, дека и тие чувствуваат болка, тешкотија и умор. Исто така приметуваат и дека луѓето од толку многу работа стануваат малаксани и грбави и дека не во ред да поминуваат низ такви тегоби само за да ги усреќат нив. Тие никако не можат да сватат како може да постојат такви кокошки што само поради добриот вкус на просото, можат да гледат како се другите битија мачат.
Посетено 450 пати