Кажи Здраво На ИНСТАНТ Животот

Дали одеднаш сите заборавија да уживат во животот

Живееме, или попрецизно, преживуваме во турболентна инстант-ера. Од еднаш се е инстант. Инстант е кафето – кој ли ќе виси над рингла, инстант е храната – бутај у микро и готово, инстант е сексот – пушти некоја паричка, кој ли допрва ќе се упознава, инстант е студирањето – 10 предмети се полагаат у еден, инстант е заработувачката – брзи и лесни пари со еден куп ризик, инстант е и информацијата – интернет има веќе и у пензионерските домови.

И све е тоа кул, ама одеднаш:

– Еј брат, фино шо се јави, абе немам време ни за кафе, не па за у кафана. Еве нешто бркаме еден проект, битна зделка, па нешто информации собирам, ама никако тие шо треба. Ајде малку да се ослободам у април, па ќе те барам обавезно. (а сега е јануари)
Посетено 513 пати