КАНТА НАРКОМАН И 12-ТЕ МРАВКИ
Си купив був за милениче.
Малецок е, не знае да збори како папагал
ама навечер како навиен вика ХУ-ХУУ
и затоа му го врзувам клунот со селотејп.
Како и секое милениче бара да го шеташ
и тоа го правам пред зграда или на балкон.
Му врзувам јаже зе едната нога, го пуштат
да лета 4-5 мин и го враќам , доста му е.
Еден ден ми вика:
„па добро бе Зоки,
зошто не ме однесеш во парк
како што прават сите со своите миленичиња?“
„што знам, мислам дека сум алергичен на Парк“
„е да бе, на тревата пред влез не си а не тревата
од парки си..ај не не мафтај“
„не сум алергичен на тревата него на музиката
од дискотеките и кафаните“
„ај те молам да идеме, ќе ти ја позајмам мојава
МП-3ка, ќе ставиш слушалици и нема да ти смета ништо“
„ок, ме убеди“
Стојам во парк покрај една канта и го „летам“ бувчето
кога некој ми се обраќа:
„дечкооу, дечкоуу“
Гледам нема никој само кантата нешто се клати
“канто ти ме викаш?“
„да…ај ако сакаш додај ми го пикавецон“.
Го здогледувам пикавецот, недопушен џоинт.
„а бе канто, џоинт е ова“
„знам, ај побрзо во криза сум“
Го подигнав од земја, го фрлив во неа
и после 2 минути ми прозборе:
„фала чоече, ми дојде душава на место“
„сум видел канти што играат шах, или везат гоблени
ама никад канта-џанак“ – со неверување и’ викам
„а бе јас порано со спорт се бавев,
играв одбојка ама пред некое време
тука почнаа наркомани да се собираат
и во мене фрлаат пикавци со трава, искористени шприцеви
а кога ќе ги збрка полиција и цели ги фрлаат.
Да не сакаш да ти дадам цела доза хорс?“
„не бе“
„ама една згодна женска фрли полн шприц
кога се појавија НТШ“
„многу згодна?“
„најзгодна, со дупчиња на образите кога се смее“
„ауу, може тогаш“
Се рокнаф и сум заспал
Ме буди некоја галама
и гледам како едни работници сакаат да ја натоварат
кантата на камионче а она се противи и плаче.
„а бе оствете ја што ви е?“- им спискувам
„ај ти не се мешај, имаме наредба“
„а бе ме знаете ли кој сум, само да свртам еден телефон..“
Не ја довршив мислата пошто едниот
таков убав шамар ми залепи што 5 мин ми се вртеше
главата околу вратот, среќа што не се откачи.
Кога конечно се смирив гледам дека кантата ја однеле
а ни бувот ми го нема?
Сигурно додека спиев издрогиран несакајќи сум
го пуштил јажето.
Нема врска, имам 12 ден. во џеб, ќе си купам
12 мравки од Пет-Шоп, ваљда не поскапеле.
Таман да си одам се приближува една
ептен згодна девојка
и нешто бара со поглед.
„извини девојко, да не бараш нешто?“
„да, имаше тука една канта“ – тивко прозборува
а дупчињата на нејзините образи
слатко ми се смеат
„ја однесоа јадната ама ај ќе идеме кај мене,
знам што бараш“ – одговарам и се топам од милина
„кај тебе?..зошто?“
„тоа што го бараш е кај мене во крв,
со задоволство ќе ти ја дадам“
„ќе ми ја дадеш твојата крв..зошто?“
„за тие дупчињата на образите ако треба
и боранија ќе ти сварам и заедно со тебе
ќе ја јадам“
„не јадам боранија“ – одговори со намрштена фаца
„супер ни јас..а слушаш турбо-фолк?“
„каков турбо-фолк, ми се гади“
„пак супер, а……“
После 8-то прашање више се тракалавме
залапани и заљубени во тревата
Па парков уствари и не бил толку лош,
ќе му подигнам споменик на бувот
некој ден кога ќе имам пари,
ако не ми требаат за пелени за бебето
со дупчиња во образите.
Посетено 543 пати