Какво Е Чувството Кога Вашето Срце Е Скршено, А Вие Сепак Се Обидувате Да Сакате
Не ми се допаѓа многу фразата ‘скршено срце’. Ако срцето можеше да се скрши, ние досега ќе бевме мртви- многумина би ја поздравиле оваа идеја како олеснување од болката која моментално ја доживуваме и ни ја распарчува душата.
Вистината е дека кога ќе ви се скрши срцето, ништо не се крши во буквална смисла- ништо физички- но имате чувство како да нешто се крши внатре во вас.
Но ништо не е скршено, едноставно имате чувство како да се оддалечувате од светот кој мислевте дека го познавате и се пронаоѓате себе во некоја посебна верзија во реалноста.
А тоа боли.
Кога сте вљубени, основите на врската ги поставувате на збир од верувања- сите засновани на доверба. Тие верувања стануваат вашиот свет, вашата реалност. Се што вие правите и планирате се заснова на верувањата кои сте си ги поставиле длабоко во себе.
Кога ќе доживееме да ни се скрши срцето, сфаќаме дека реалноста за која мислевме дека постои- и се она што ние сметавме дека е вистина- било ништо повеќе од само фантазија.
Сме се излажале, сме биле заблудени и наведени да веруваме во реалност која не можеме ниту да ја сфатиме во целост.
Скршеното срце знае да боли долго време, токму поради начинот на кој ние ги сфаќаме нашите животи. Нашите мисли, идеи и сфаќања ги поврзуваме со врските кои го предизвикале тоа. Се она што денес ја опишува нашата личност е поврзано со личноста каква што некогаш сме биле и со искуствата кои го промениле правецот на нашиот живот.
Кога ќе ви се скрши срцето, вие не знаете што да правите со самите себе, бидејќи не можете да сфатите зошто личноста која толку многу сте ја сакале едноставно си заминала.
И ја правите единстената работа која можете да ја направите- се обидувате да продолжите со животот. Проблемот е што не можете да престанете да размислувате за таа личност.
Тој или таа беше толку влијателен и важен дел од вашиот живот, па се што правите ве потсетува на него/ неа.
Освен тоа, откако се разделивте, вие двајцата се променивте во сосема други личности.
Повеќе не верувате во луѓето како некогаш
Веројатно повеќе не сте толку отворени и оптимистички настроени кога станува збор за љубовта. Сега ви е потребно многу повеќе време за да можете повторно да верувате на некој нов во вашиот живот, а со тоа и запознавањето и излегувањето со нови личности во вашиот живот станува малку потешко.
Иако јас верувам дека секој човек во светот сака да биде сакан, понекогаш сте жедни само за физичко задоволство. Понекогаш посакувате нешто површно и беззначајно, а сепак нешто што може да ве задоволи. Сексот не може да ви ги излечи раните, но може барем да ви ги оттргне мислите за некое време.
Порано или подоцна, површното станува досадно. Конечно, можете да се одлучите да и дадете уште една шанса на љубовта. Знаете дека сеуште носите тон багаж со вас, но подготвени сте да вложите напор за да пронајдете некој кој ќе ви помогне да го носите или истоварите истиот.
Секој нов потенцијален кандидат го споредувате со оној кој веќе си заминал
И боли кога дознавате дека тоа не е возможно. А што друго можевте да очекувате? Вие сте го сакале или сте ја сакале таа личност токму поради тоа што сте верувале дека тој/ таа е единствен.
Не е лесно да пронајдете некој кој е подобар. Во спротивно, тој или таа кој ви го скршил срцето не вредел/а цело време.
Колку потешко ви е да пронајдете нова љубов, толку повеќе сфаќате дека тој/ таа претходниот/ната бил/а вистински погодок. Со секое ново разочарување ви следува неверојатна тешкотија.
Секој пат кога нема да успеете да пронајдете некој во кој ќе се вљубите станувате се потажни.
Ова можеби звучи депримирачки, но навистина е така. Тоа е начинот на кој функционира љубовта- ако не е пропратено од болка, тага или грижа, тогаш не може да се нарече љубов, барем не онаа вистинската романтична љубов.
Ќе продолжите кога ќе бидете подготвени
Често, љубовта која ја добиваме не е онаа која ни е потребна, па затоа не е неостварливо тешко да пронајдеме некој кој ќе не сака.
За жал, постојат случаеви кога вистинската личност ја пронаоѓаме премногу рано и не можеме да го сфатиме тоа, пропуштаме животна шанса.
Се обидувате да бидете оптимисти и постојано се потсетувате дека таму некаде постои некој друг совршен за вас – само треба да го/ ја пронајдете.
Се наоѓате во ситуација кога истовремено сакате да се вратите во прегратките на вашиот поранешен партнер/ка и се обидувате да ја пронајдете новата љубов на вашиот живот. Ова е интересна реалност, тажна и возбудлива, се однесува на минатото и иднината.
Во свет во кој се е возможно, вие продолжувате да верувате дека ќе ја пронајдете вистинската љубов. Без разлика дали тоа ќе биде љубовта од минатото или пак нова љубов- вие знаете дека ќе ја пронајдете љубовта. Не запирајте ја потрагата се додека не успеете во неа.
Посетено 8.388 пати