Како Да Се Облечете За Да Изгледате Како Милионер
Ако не сте милионер, не значи дека не сте способни да оставите впечаток на милионер преку стајлингот и модни парчиња кои ќе направат да изгледате богато и скоцкано, нели?
Следете ги овие совети и облечете се како милионер уште денес, иако не сте!
Секогаш имајте квалитетен костум во плакарот, сигурно ќе ви послужи за свечени прилики во кои ќе изгледате фантастично и богато.
Затоа не стегајте се и вложете во добар костум, верувајте ќе ви се исплати, ако не во пари, барем во изглед!
Инвестирајте во скапа ташна и чевли, кога веќе не купувате скапи алишта, ефектот ќе биде ист бидејќи акцентот на изгледот секогаш ќе паѓа врз модните додатоци.
Никогаш, ама никогаш не облекувајте вештачка кожа, верувајте луѓето веднаш ја препознаваат.
Избегнувајте лажни марки на алишта, посебно доколку марката е испишана на самото парче облека.
Доколку не е оригинално, најверојатно се познава, задржете едноставен став без логоа.
Носете џемпери кои секогаш ќе ги комбинирате со еднобојни кошули, даваат ефект на софистицирана и богата личност во секоја прилика.
Никогаш не се облекувајте спортски,освен кога не одите во теретана, бидејќи патиките и тренерките не личат убаво за на свадба или коктел забава, нели?
Кога станува збор за очила, следете го стилот на Кенеди, тој никогаш не погрешил во изборот.
Никогаш не облекувајте поголема облека од бројчето кое го носите секогаш.
Кога се однесува на маникирот кај жените, никогаш не одбирајте неонска боја, секогаш преферирајте елегантно и префинето, како на пример француски маникир.
Секогаш мирисајте како што изгледате, а тоа значи убаво и богато, инвестирајте во скап парфем.
Истакнувајте го накитот, не плашете се дека повеќе е премногу, бидејќи накитот секогаш дава впечаток на богата личност.
Носете почесто ролки бидејќи зрачат со ставот Имам пари и секогаш сум скоцкан.
Не одбирајте било каква боја на палто, секогаш одлучувајте се за кремово, бидејќи делува богато.
Не носете маица која веќе ви се скусила или панталони кои ги откриваат вашите чорапи, никогаш!
Богатите џентлмени секогаш носат шамивче во костумот, не срамете се да бидете џентлмен.
Девојки, носете бисери, даваат елегантен изглед на префинетост и елеганција која не им доликува на ефтините девојки.
Кога сакате да изгледате софтистицирано, елегантно, богато и сериозно, облечете се од глава до пето во само една боја.
Времето е пари, зато секогаш инвестирајте во скап часовник на рака.
Никогаш, ама никогаш не облекувајте се во леопардовски или зебрест принт.
Имајте средена фризура, секогаш! Бидејќи ефектот на несредена фризура остава лош впечаток, како за мажите, така и за жените, само што кај жените истото се однесува и за шминката.
Посетено 2.817 пати