Како да бидете добра девојка на маж кој не знае што му треба
Доколку сите би посакувале исти типови на жени, во тој случај овој свет би бил премногу несреќен. Единствената и основната работа која ја бараме кај партнерот е грижата, ние бараме некој кој ќе се однесува со нас добро. Некој кој ќе не сака и ќе ни го посакува само најдоброто за нас.
Единствена работа која ја бараат мажите е да најдат добра жена. Постојат неколку работи кои треба една жена да ги поседува за да биде добра жена. Да бидеме искрени, мажите не се тешки при изборот.
Но, понекогаш ниту мажите не знаат што сакаат.
Еве, какви треба да бидете за да бидете добра девојка за нив.
1. Бидете искрени, но бидете љубезни и грижливи.
Сите мажи се различни доколку сакаме да ја слушнеме вистината. И како што е и познато кај сите од нас, понекогаш не ни се допаѓа вистината. Понекогаш вистината е засрамувачка. Понекогаш нашето его доаѓа до израз што и не е баш толку добро.
Да сакаш некого и да бидеш секогаш тука за него или за неа не значи само да подариш убави моменти, туку да ги направиш убави и оние моменти кои не се убави.
Да бидете отворени еден со друг и искрени е клучот за една здрава и среќна врска. Како и да е, тоа што кажуваме и како кажуваме, со тоа најчесто влегуваме во неволја.
Доколку се грижите за вашето момче, тогаш не ја полнете врската со негативности. Како и што кажавме, не постои идеалност. И двајцата треба да работите за да успее врската
2. Работете на тоа да го одржите вашиот сексуален живот возбудлив и полн со страсти.
Сексот е секогаш идеален кога се станува збор за нова врска. Но, како поминува времето, чувствувате потреба да внесете новини и да го одржите вашиот сексуален живот во форма. Се разбира како што се потребни и двајца за танго така и во овој случај е потребно двајцата да работите на вашиот сексуален живот.
Сексот треба да ви биде забавен. Па, забавувајте се. Истражувајте. Уживајте најмногу што можете, зошто да бидеме искрени никој од вас нема да се подмлади.
3. Бидете негова карпа, но исто така и негов компас.
Животот е тежок за секого. Ние сме суштества кои се паметни, но сепак не доволно. Секој од нас се соочува со различни проблеми во текот на живеењето. Секој од нас треба да го искористи својот партнер за да му помогне во тешките моменти. Колку е вашиот партнер посилен толку повеќе ќе биде полн со амбиции. А колку повеќе е амбициозен толку поголемо его ќе има. Големото его може да направи голема штета во вашата врска.
Потребно е да бидете тука за него кога тоа ќе се случи. Него ќе му бидете потребни секој ден за да го сослушате. Да му дадете совет или да му помогнете во одредени моменти во неговиот живот.
Кога Светот ќе ви се чини дека се распаѓа и се е против вас вие треба да бидете еден за друг секогаш тука и да го поминете тој момент заедно.
4. Бидете свои.
Вашето момче ве сака поради тоа што сте вие. Тој не ве сака поради тоа што сте такви какви што мислат другите дека сте, туку ве сака баш такви какви што навистина сте.
Бидете таа личност. За останатиот дел од Светот бидете какви сакате, но кога сте со вашиот партнер тој сака да бидете свои.
Понекогаш жените сакаат да направат промени кај нив, но тоа воопшто не е потребно. Промените во вашиот карактер вашиот партнер не ги сака. Тој ве сака баш такви какви што сте.
Како што поминуваат годините ние се менуваме како индивидуи. Најчесто знаеме да се изгубиме менувајќи се. Ја губиме личноста која сме биле и стануваме некоја сосема нова личност.
Како пар, сакаме да растеме заедно. Но, исто така сакате да бидете сигурни дека дел од вашиот карактер ќе се измени. Тоа е тоа суштинското што ќе ви ја одржи врската со децении.