Избегав од лудница по папучи, по пат ме сретна бившиот

izbegav-od-ludnica-po-papuci-po-pat-me-sretna-bivsiot-1

Лежев на креветот, со едната нога крената горе, тоа е мојата честа положба во која уживам.

Ја држев книгата во раце, со очите прелетував низ секој напишан збор несфатлив за мене бидејќи мислите ми беа на друго место, место на кое што одев кога барав одговор на моите прашања.

Се обидов да ги организирам мислите, но како и во многу претходни случаеви, не успеав.
Кренаа бунт кон мене, ме нападнаа, ја испуштив книгата од раце, на Буковски,човекот кој ме воодушеви но не е мој идол, бидејќи живеел бесмислен живот.

Ја гледав книгата како се лизга на паркетот, отворајќи се на средина, на местото каде што беше најчитана.

Седев така, гледајќи се во sидот, со ококорени очи, изгледав како лудак во душевна болница, ми фалеше уште лудачка кошула.

Започнав да се замислувам во неа, визуелизирав како би се чувствувала. Исто, би се чувствувала исто, бидејќи моментално се чувствувам заробена во мојот свет, мислите го ставија катанецот на мојот мозок и не му дозволуваат да се ослободи. Го голтнаа клучот и враќање нема повеќе.

Јас сум луда си реков, станав, ја згазнав книгата, испушти крик кој ми се пристори, бидејќи книгите ги гледам како живи суштества, а ова едно од нив штотуку го убив.

Зборовите прелетуваа пред мене, а јас обидувајќи се да ги дофатам потрчав кон вратата што ми ја затворија на излегување.

Ги снема, а сепак ми го држеа мозокот заробен.

Се фатив така себеси како стојам со едната нога над книгата, како ја гмечам, како ја уништувам, душата и излегуваше низ секоја една страница, буквите избледнуваа исто како и мојата желба за живот.

Тргнав кон вратата и треснав на земја, книгата го зададе последниот удар, ме кутна на земја со финта, паркетот беше лизгав, нормално кога се наоѓам со хартија над него.

Ја подадов раката кон рачката на вратата во лежечка положба, замижав за миг и мислите повторно се вратија.

Проклетите секогаш се враќаат кога ќе забележат дека ми недостасуваат, за разлика од него.

Тој нема да се врати, ќе остане таму, сам, подобро би умрел отколку да си го погази егото и гордоста, пи*ка!

Ја дофатив рачката конечно, се чувствував зашеметено, како да сум пијана, а не бев.
Се потпрев на другата рака и станав, се исправив, а во истиот момент се чукнав со главата во полицата за книги која стоеше над мене.

Опцув и излегов низ вратата со топлинки на нозете. На себе носев пожами и робата која ми ја подари баба ми бидејќи секогаш од туширање излегував по крпа, сосема гола, се врткав на балконот не грижејќи се за мислењето на комшиите. Таа се грижеше за тоа, па затоа ми ја поклони робата, која ја носев секој пат кога ќе ми недостигаше, но никогаш после туширање.

Повторно си шетав по крпа, таква сум јас, џабе е се, кога си терам по свое.

Лошо, не лошо, тоа е…

Ја отклучив влезната порта и излегов со трчање, слушалките во уши, моите песни кои ме убиваа и охрабруваа во истиот миг и заминав, се изгубив во темниците кои ме обвија во своја прегратка чекорејќи со мене низ мојата улица која ја мразев.

Стигнав до Епинал, моето омилено место за пиење, ресторан во кој седевме јас и тој секогаш заедно.

Се уште немам откриено дали одевме таму бидејќи никој не можеше да не види поради тоа што ја сакавме приватноста или тој се срамеше од мене?

Никогаш нема ниту да дознаам, небитно.

Седнав, сите се гледаа во мене. Баш ми беше гајле, си порачав виски со една коцка мраз, никогаш не сакав кога во пијалокот имав две коцки мраз, мразев кога мразот ми се мешаше во работата.

Ја испив чашката на екс, се свртив околу мене сите повторно се џареа без срам. Можеби затоа што носев папучи на нозе или пак затоа што им изгледав на девојка избегана од лудница.

Бев од двете по малку, но не избегав навистина од лудница, избегав од мојата лудница, барем на кратко.

Ми ја донесоја втората чаша виски, со две коцки мраз, изгледа заборавиле, не можев да се нервирам, бев зашеметена за да се нервирам, немав сила.

Каква иронија нели? Немав сила за да се нервирам!

Јас сум нездрава, си помислив, но поздрава од секој еден во оваа просторија.

Ја дигнав чашката и му наздравив на жената во години наспроти мене, “за твојот сопруг госпоѓо кој завчера го забележав од прозорецот на таксито како качува девојка која навидум изгледаше како проститутка”.

Си продолжив да пијам…

Се обидов да ги удавам проблемите и мислите во вискито, но проклетите копилиња знаеја да пливаат, досега сигурно се имаа добро истренирано бидејќи не им беше прв пат да се борат со мене додека ги давам во алкохол.

Седев така, ужасна, но сепак прекрасна, нели девојките се најубави кога се природни.

Се појави тој, бившиот од кој полудев првично, што му направив кога го видов ќе дознаете друг пат.

Посетено 9.410 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!