Изгубената уметност на ЧЕЛИЧЕЊЕТО
Популарна техника на воспитување
ЧЕЛИЧЕЊЕ, или маалско малтретирање на релација постар мангуп помал мајмун, со тенденција мајмунот да се претвориво мангуп. Во 90ите, многу популарен и ултра-интензивенначин на воспитување.
Со оглед на тешката ситуација во друштвото, невработеност, сиромаштија и слично, родителите се претвараа во алкохоличари, наркомани, комарџии, криминалци и други маргинални професии, и како такви немаа време за воспитување на своите невини дечиња. Затоа постарите фраери од маало ја превземаа оваа племенита должност.
Секако, нивната техника на воспитување би се подударала со онаа на родителите, но подобро нешто отколку ништо!
Посетено 2.134 пати