Го барам тој, што никој го нејќеше

smknati farmerki_majkatiitatkotiНикој го нејќеше..го викаа клошар..имаше см`кнати фармерки и раскопчана кошула што мирисаше на чисто и на љубов, брада на лицето и очи ко џамлии..погледот му беше бистар, секој збор бисер..на секое видување ми носеше цвеќе, насмевка и патувања низ целиот свет, со часови зборови, воздишки и бистар ум..ниедна мајка го нејќеше за својата ќерка, не ветуваше многу, општо ветуваше ништо.. само љубов, среќа и насмевка..го напуштив неговото присуство и неговата слика за светот..
..сите го сакаа..беше убав, стокмен, секоја мајка го посакала човек..полн со себе, празен од светот..деновите со него минуваа споро, се претвараа во години..толку вечни, што станаа романи во недопишани и недослушнати дванаесет тома роман..животот со него помина, а младоста и радоста останаа некаде далеку..ниту цвеќе, ниту мирис, ниту допир што тресе..ветуваше многу, даде ништо, одзеде младост и недочитани последни страници од тежок, мачен роман..
Го барам тој, што никој го нејќеше..да го прошетам животот со него и да му ги влечам см`кнатите фармерки..некогаш и да го избричам, но не мора.. бисерите од животот да му ги нанижам и на својот врат да ги ставам, тој да ги брои.. бакнежи од броење, цветови од насмевки, мои и негови што не ветуваше ништо, а ми даде се`.. да, тој што го викаа клошар.. а беше свој, најмногу мој..тој другиот го поклонив на сите, што сакаа романи..
..да се врати тој свет, да се врати тоа време..не ветуваше многу, а вети и даде све..живот..

595х90 px-01

Посетено 4.690 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!