Фолирант

[fblike]
Си го шетам кучето на батерии низ парк
и наеднаш на човекот пред мене му експлодира главата
Кај баш сега, лом ме направи со остатоци
од неговиот мозок и тоа на најубавата маичка
Додека се мијам на чешмичката
ми се приближува вистинско куче, додуше малку чудно
зошто има 6 нозе и ретровизор кај левото уво
и ме прашува:
-може да си поиграм со твоево куче?
-ама не е вистинско, на батерии е
-па зошто го шеташ ?
-за да бркам женски, знаеш женски се палат на
дечковци со кучиња што работат државно
и имаат бесни коли
-демек ти имаш таква кола и работиш државно?
-немам..а немам ни куче па си викам ај
да пробам со играчкава
Додека така разговараме на уште еден човек
што помина покрај нас му експлодира главата
Е сега сум ептен лом, нема шанси овака бербат
да бркам женски
Се враќам дома, палам ТВ и како ударна вест
иде „лудаков шета куче на батерии во парк“
За главите што експлодираат ниту збор
за кучето со 6 нозе и ретровизор исто ништо
Јбг, се смениле приоритети,
поинаку беше во мое време
Ама ако, важно и мене ме има на ТВ, сега кога сум
славна личност сите женски ќе трчаат по мене
не треба да се фолирам со кучиња – играчки
Посетено 749 пати