Филети од ослич со боранија и шери домати
Со почетокот на пролетта некако сами по себе повторно стануваат актуелни јадењата со риба и морски плодови во комбинација со разни видови на зеленчук.
[fblike]
Состојки:
Црвен кромид – 1
Боранија – 300 гр.
Пченка – 100 гр.
Филети од ослич – 300 гр.
Шери домати – 4
Магдонос – По вкус
Сув зачин – По вкус
Бибер – По вкус
Зачински билки – По вкус
Масло – По вкус
Инструкции:
Чекор 1:
Обарете ја боранијата колку таа да омекне. Црвениот кромид исечете го на ленти и пропржете го на масло. Додајте ги боранијата и пченката, зачинете по вкус и уште малку пропржете. На крајот додадете го и исечканиот магдонос. Рибата зачинете ја со бибер и со сув зачин.
Чекор 2:
Во сад за печење ставете го пропржениот зеленчук. Преку него наредете ги филетите од ослич и зачинете со црвена пиперка. Помеѓу филетите ставете на половинки исечени шери домати и печете околу половина час на 200 степени.
По желба можете во рецептот да додадете и ориз, кој би се измешал со боранијата, како и тартар сос како прелив врз филетите.
Посетено 355 пати