Фамозните цитати на Пауло Коелјо кои ќе ве воодушеват

Светскиот познат писател кој ги освои луѓето со своите мисли, зборови и прикаски кои станаа најпопуларни бестселери во светот сигурно ќе ве освојат и вас.

Пауло Коелјо познат по духовноста, сродните души и верувањето во нешто натприродно кој го поседува самиот човек во својата природа не учи дека се е релативно, но постојат работи кои во животот не се менуваат.

Една од нив е љубовта, секако доколку е вистинска, а за неа Коелјо има напишано неколку цитати кои ќе ги препознаете во следните светски познати извадени од неговите најдобри книги.

Впрочем, тој нема најдобри книги, кај него сите се која од која подобри, уживајте.

Мудрите се мудри, бидејќи љубат.”

“Кога ќе тргнеш на пат, не смееш да дозволиш стравот да те врати назад. Треба да имаш голема храброст да си дозволиш да правиш грешки. Разочарувањето, одбраната и очајот се алатките кои Бог ги користи за да ни го покаже вистинскиот пат.”

“Кога најмалку очекуваме, животот ни задава предизвик кој ќе ја  тестира нашата храброст и прилагодливост кон менување на околностите. Во тој момент не смееме да се преправаме дека ништо не се случува или да кажеме дека не сме подготвени да се соочиме со предизвикот. Животот не гледа назад, предизвикот нема вечно да чека, една недела е доволна да одлчучиме дали ќе ја прифатиме нашата судбина или не.”

“Не се давите кога ќе паднете во реката, се давите кога оставате таа да ве потопи.”

“Најобичните работи во животот се оние најубавите и најнеобичните, но само мудар човек го знае тоа.”

“Тајната на животот е да паднете 7 пати, но да се исправите 8.”

“Живот привлекува живот.”

“Кога посакувате некоја желба да ви се исполни, целата вселена кова заговор за да ви помогне да ја остварите.”

“Кажете му на срцето, дека стравот од патење е полош од самата болка.”

“Има само една работа која може да ве спречи во остварување на соновите, а тоа е стравот од неуспех.”

“Љубовта е сила која ја менува и подобрува душата на Светот.”

“Нештото кое се случило еднаш, не мора да се повтори. Но, она што се случило два пати, сигурно ќе се случи и трет пат.”

“Љубовниците мора да научат како да се изгубат, а потоа како да се пронајдат повторно.”

“Во моментот кога тргнуваме во потрага по љубовта, таа тргнува во потрага по нас. И не спасува.”

“Ти си посебен, но посакуваш да си ист како останатите. Обичен. Тоа е сериозна болест.”

“Бог те одбрал да бидеш посебен, зошто сакаш да го разочараш со твојот став?”

“Никој не губи никого, бидејќи никој не поседува никого.”

“Мојата цел во животот е да ја разберам љубовта.”

“Секој кој љуби, води љубов постојано. Кога двете тела ќе се сретнат, преполнетата чаша се прелива. Тие можат да останат заедно со часови, можеби и денови. Почнуваат да танцуваат на почетокот на денот, а завршуваат на почетокот од другиот ден или едноставно никогаш не престануваат. Тоа е свето.”

“Научив дека вистинските пријатели се оние кои се до нас во убавите моменти. Не развеселуваат дополнително и се радуваат со нас, восхитени од нашите победи.”

“Во мојот свет се е можно и релативно.”

“Престани да бидеш тој што си бил и почни да стануваш тој што треба да бидеш.”

“Ако бараш мир, не барај љубов.”

“Проблемот е што, ние навистина се навикнуваме на нештата.”

“Животот ме научи да страдам во тишина.”

“Ти си она што мислиш дека си.”

“Љубовта едноставно се случува. Сакајте, не прашувајте зошто, само сакајте.”

“Тоа што не повредило, само тоа може да не излечи.”

“Животот е за искусување на нештата, не ја барајте смислата за живеење, така ќе го потрошите животот залудно.”

“Ако некој ни дава нешто од себе, тоа значи дека не можеме да си го подариме самите себеси.”

“Љубовта е таа што ќе не спаси, независно од грешките кои ги правиме. Таа е секогаш посилна.”

“Ако се потпирате само врз искуството во иднина, ќе ги прешавате новите проблеми со стари решенија.”

“Светот е поделен на луѓе кои ме разбираат и оние кои не ме разбираат.”

“Кога чукаш, вратата ти се отвара. Ако бараш, ќе најдеш.”

“Животот е сон, од кој не буди смртта.”

“Тоа што не може да се излечи, мора да се издржи.”

“На светот не постои ништо што е сосем погрешно. Дури и часовникот што не работи, успева да биде точен два пати во денот.“

Посетено 60.497 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!