Ете Кај Било Плавото УСБ

[fblike]„се извинувам бел коњ дали имате?“
-ја прашувам продавачката
„бел коњ?“ – збунето ми одговори
„да, девојка ми сака таков поклон за роденден“
„е немаме такви животни,
само домашни миленичиња“
„а коњ не може да биде милениче?“
„може вероватно, ама тука продаваме помали животни“
„помали?..а оној питонот од 8 метра многу мал нешто!!“
„дечко си дошол да се заебаваш или ?“
„добро, извини ама не ми е баш јасно
што влегува во „миленици“
и „мали“ животни, сеедно сега,
не знам што да правам?“
„јави и’ се прашај ја“
„аха ТИ да и се јавиш кога е во пмс,
еј ми текна, колку е она магарено?,
не е баш коњ ама ќе и кажам дека е некој мутант“
– ми текна како да се спасам
„хаха не е магаре, зајак е“
„па зошто му се толкави ушите?“
„ама ти стварно си труп за животни“
„сум, признавам, нема врска спакувај ми го
нешто ќе ја излажам, него може да направиме
компензација, не су многу при пари„
„каква компензација?“
„па ќе ти ги дадам бубачкиве што ги имам во глава“
„чекај да видам какви бубачки имаш?
како ти се отвара черепот?“
„не се отвара, бутни прсти низ уши или низ очиве
и ќе фатиш нешто“
Така и направи, извади 4 скакулци
фамилија стоноги и уште некои со
чуден облик и големи очи без име
и едно плаво усб, ете кај се изгубило
„може ова, само ќе ми доплатиш 12 денари“
И така го купив зајакот, одма идам кај Наташа
и со најискезен осмех и’ викам:
„среќен роденден, да видиш какво коњче
сум ти купил“
„стварно?..многу те сакам..него кај е коњчете?“
„еве го“ – и’ го покажувам зајакот
„ова не е коњ, зајак е кретену еден“- ми сржа
„ама стварно сум коњ, од помалите“ – се вмеша зајакот
„коњ викаш, каков коњ?..обичен, морско коњче
или летечки коњ?“
„каков ти е тој летечки коњ?“- прашува зајаков
„сега ќе видиш“ – бесно одговори, го фати за уши
и го фрли низ прозор.
„а ти губи се, ти раскинувам“- ме избрка
Разочарано искачам од зграда
седнувам на клупа и плачам, најмногу плачам
„немој да плачеш, не беше она за тебе“
-некој ми збори
Се вртам…мојот зајак, жив и здрав
Толку многу му се израдував што земав силно да го гушкам
„полека ќе ме задавиш“- ми вика
„извини..него како преживеа“?
“случајно еднаш гледав на YT „how can a white rabbit
with red eyes survive falling off a roof“
па применив слична техника“
„добро, не е ни битно, важно да си жив и здрав,
ај те носам на ручек“
Влегуваме во елитно кафанче, нарачувам
2 порции марула, ракија за мене и сок
од морков за зајаков
„не знаев дека коњи пијат сок од морков?“
-искоментира келнерот
„ не сум коњ коњу еден, зајак сум“
Се рабира одма не’ избркаа
и сега сме во парк, он пасе трева
јас јадам инсекти ама
нема врска, среќен сум,
да беше женски зајаков ќе му се пуштав
овака само ќе ми биде најдобар другар
Посетено 539 пати