Дванаесетмината Хедонисти од Олимп

У грчката митологија, планината  Олимп била домот   на дванаесете  олимпијски  богови , најбитните богови на грчкиот Пантеон. Митот вели,  на Олимп бил изграден  кристален дворец у кој живееле и работеле боговите. Ма курац  мој работеле. Се курчеле ко денешниве политичари и новопечениве бизнисмени. Е, да, со една мала разлика. Не возеле Q7, A6 BMW, али цел божји ден се излежавале, пиеле нектар, кркале амброзија, го малтретирале обичниот граѓанин, исто ко денес, и се ебавале. Се ебаале на мртво, до бесвест. Си го свирнуеле секој со секого. Ма шо да ти кажујам?  Чиста перверзија. Со животни, со мајки и  сестри, татковци и браќа со деца и внуци, золви и јатрви, девери , шури и зетовци…

Ипак, највечи ебач  им бил врховниот бог Зевс. Него нектар може да му носи Карло Бос, кумановскиот порно актер.  Изреката “Per falus ad astra” не важи бе брат за Зевс. Тој е горе. У ѕвездите.  Уше као мал покажал дека има муда и дека е предодреден за ебач, коа на стариот  свој  му го расекол стомакот и ги извадил  неговите браќа и сестри кои, стариот, ги голтал по породувањето на неговата мајка  Реја. Потоа немал друга работа па удрил само на секс. Почнал да дупи све живо и диво.  Од Хера , преку еден куп богињи, некои смртници од обично пучанство, нимфи…  Хера била територијалка, односно, неограничено љубоморна жена стационирана на домачи терен али, знаела и она понекад да се бапне.

Брат му на Зевс, Посејдон, богот на морињата исти курац ко брат му. Имал еден куп швалерки во богињите и обичните жени, еден куп деца, пошо у тоа време немало антибеби пилули и куртони.  Највише изглеа ја сакал Еуријала со која имал син Орион. Лепотан. И нашево МВР беа воодушевени од неговата лепота па на една акција у аферата “Франкфурт мафија”  и дадоа име “Орион”.

Постариот брат Хад, бил бог на подземниот свет. За да биде појасно, нешо ко газда на гробишта “Бутел” со резиденција у капелата. Мизантроп!  У митовите не ми е нешо прикажан ко некој ебач али, мене ми е сумљив пошо жена му била внука, ќерката на Зевс, Персефона. Педофилиште!

Атина, богињата на мудроста. Ќерка на Зевс , ко прскано јаболко. Црв не и влегол откоа узреала. Цел живот била девица и никогаш немала љубовник.  Кој будала ја именува и назначи за богиња на мудроста не ми било никад јасно?

Арес, богот на војната, често ја бапнувал Афродита. Хелије еднаш изигравал парџија, ко Дуле звездашот у парк, како уживаат у сексот а неговото воајерство е опеано дури и у Хомеровата Одисеја.

Афродита, да живеела у денешно време би била курва, спонзоруша, растурикуќа. Се пеглала со кого стигне и кај  стигне уз образложење,  кај муж и` Хефест ,дека  дарува убавина и љубовна среќа.  Мудамикики! Била мераклика. Терала така се додека еден ден Хефест не ја начекал со некој од нејзините ебачи, ја посрамотил пред другите богови и таа засрамена се повлекла да живее на Кипар. И го накршиле.

Хера, богињата на бракот, без никаков срам за титулата шо ја носела,  уживала у инцестот со нејзиниот брат и сопруг Зевс. Пу, јазк! Можела, заедно со Едип, да напраат риалити шоу “Забава за цело семејство” …ама треба да ти текне.

Може уше да муабетиме и за Хера, Хестија, Деметра и Дионис али, не вреди. Све ќе се врти околу дупење, изневеруење,  перверзија, хедонизам, инцест.

Е, шо сакав да кажам со текстот?

А, да.

Тибам животот шо го живееш, тибам, ако не си БОГ ИЛИ БОГИЊА!

Посетено 851 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!