Дување во облаци

[fblike]duvanje vo oblaci_panker
Седам сам на шанк и гласно мантрам
„Леле ма колку си убава, најубава на свет,
немаш појма колку те сакам.
Знам дека не можеш или не сакаш да бидеш со мене
ама дај ми барем да те клонирам,
да те отпечатам со 3 Д принтер,
да направам фототапети со твојот лик, да ….“
„Фала дечко на убавите зборови, никој не ми кажал
овакви работи“ – се штрецнав и до мене гледам непозната девојка
„Не ти зборев на тебе,
вежбав што да и’ пишам на една девојка во инбокс“
„Не?“….- наеднаш го спушти погледот,
очите и се насолзија
„Еееј, извини,извини, не те ни видов кога си седнала до мене,
стварно извини, јас нешто летам со паметот,
џабе се занесувам,
нема ништо да биде со дотичната, ја немам таа среќа“
„Глупава е таа што не сака да е со тебе кога
толку многу ја сакаш“
„Не е она глупава, јас сум штом толку се занесувам.
А ти?.. не ми се се верува дека никој не ти кажал
такви зборови, баш си ептен згодна,
некако ненаметливо посебна
и избриши ги солзите, плиззз.“
Ги избриша и малку се насмевна, малку ама баш слатко и’ стои
„Ете така, сакаш да идеме на кино утре?“ – ја прашувам
„Па ….“
„А сакаш да разговараме со мравките во парк?“
„Паа …“
„Можда сакаш да шљапкаме во вода?“
„Паа..“
„А да дуваме во облаци?“
„Баш би сак…“
„Кој ти е ма овој, да не те закача?“
-еден огромен, злобен тип одеднаш се створи покрај неа
„Не, он само..“
„Што само?…а ти, што се занесуваш?“- ми се врти на мене
„Јас само….“- ама не ја довршив мислата
Толку, наеднаш темница….се будам во болница
со збумбарена глава, откачени ребра,
без една нога и скршен екран на мобилниот
„Една девојка го остави ова за тебе“- ми вика докторката
и ми додава едно превиткано ливче
Го отворам а внатре „за жал нема да можеме да шљапкаме
во вода пошто остана без нога
ама можеме да дуваме во облаци,
јави ми се кога ќе те пуштат….“
Посетено 951 пати