Дошол да живее у Скопје, а се ослања само на конобарска дневница!

kelner-anslovna_majkatiitatkotiЧекајќи вчера кафе у Тренд, дечкото шо требаше да ме услужи само што се одалечи некој чекор од мојата маса, онака на блиц си напраиаи муабет со неговиот колега-конобар, си разменија некоја реченица на некои од нашиве дијалекти. Све е тоа фино, можда дошол да студира у Скопје па ете, ем си учи, а и си подработуе за да спечали некој денар за џепарац, да закрпи некоја дупка за попристојна живеачка. Поштуем ја такви ствари, ама има еден “мал” зајеб у случај да дошол да живее у Скопје, а се ослања само на конобарска дневница…е онда грдно се заебал.Нашиов град е аждаја за некој што нема солидна работа, а поред тоа уште живеее у станче под кирија, тешко е нели?

Мада и у обата случаја, како и да е, дечкото не спие до пладне чекајќи некој денар да му фрлат тато и мама за да може ко “Господин” да се прошуња низ град…пошто на многуте наши скопјанчиња не им се работи т.е не работат они за ситна пара.

Важи бе дечки и девојчици градски, продужете си така…само у ова све полошо стање имајте на ум дека на вашите родители полека им се кратат крилјата па кај и да е, како они така и вие нема да може више да летате ко до сеа.

Посетено 21.486 пати