9 интересни податоци за Елвис Присли

Помалку познати факти за кралот на рок музиката.


1. Елвис бил добар другар со Клинт Иствуд.

Во средината на 60-те, тие работеле во исто студио, па таму се запознале. Се зближиле поради заедничката пасија кон пиштолите и пукањето.

2. Неговата сопруга често му го сечела месото пред оброците.

Познато е дека Елвис е голем љубител на месо. Уште од нивната венчавка, неговата сопруга Присила е фотографирана како му ги сече парчињата од месо.

3. Еднаш пробал LSD.

Кралот бил доста љубопитен околу Хофмановите блотери. Пробал само еднаш и изреагирал сосема нормално. Порачал пица и го гледал филмот Временска Машина. Повеќе бил заинтересиран како другите реагираат, отколку за неговото однесување.

4. Мразел жени со големи стапала

Добро познато е дека тој е огромен миленик на понежниот пол и дека излудил многу женски глави. Но, колку и да биле привлечни, секси и атрактивни, кај него поминувале само девојките со мали и правилни стапала.

5. Многу сакал да гостува во Laugh-In и во Hee Haw

Елвис бил голем фан на телевизијата, односно на телевизиските шоу-програми. На неколку наврати изјваил дека голема желба му е да се појави како камео во овие две хит-шоуа. Но, тоа никогаш не се случило.

6. Не ги знаел имињата на членовите на Битлси

На познатата средба помеѓу Кралот и Ливерпулските супер-ѕвезди од 1965-та, тој не знаел точно кој член како се вика, па за да не ги погреши имињата, сите ги викал ‘Битл’.

7. Бил голем љубител на оружје и пукање

Присли обожавал пукање и за време на глумењето преферирал такви сцени. Еднаш го наполнил со олово своето Ферари бидејки му се изгасило на сред пат. Така и заврши.

8. Бил луд по Монти Пајтон

Кралот ги знаел сите епизоди од Летачкиот Циркус ‘на памет’ и често ги имитирал во друштво.

9. ‘Гледис’ – факторот

Мајката на Елвис и мајката на Мерлин Монро, најголемите симболи на дваесетиот век имале исто име. Интересно.

Посетено 2.195 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!