Ден на поезија, салатата мези ја… (Поема)
Ден на поезијата
Ја ногу не се разбирам у поезија
а ти не вечерај од салатата, мези ја.
Ја ногу не се разбирам у поезија
стави ми дупла, за локална анестезија
Ја ногу не се разбирам у поезија
ни у пчеларство ни у геодезија
Ја ногу не се разбирам у поезија
вчера бев пијан, блага амнезија
Ја ногу не се разбирам у поезија
аплицирам за пасош за у Индонезија
Ја ногу не се разбирам у поезија
не ме влече, нема кохезија
Ја ногу не се разбирам у поезија
а и не верувам ногу у синестезија
Ја ногу не се разбирам у поезија
а имам читано автори од Малезија
И не се разбирам ногу у поезија
повеќе сакам митралези ја
Кирил Стоименов – лимар
Посетено 234 пати