Чуден фајронт со лош крај
[fblike]
„Балет“, 5 саат и 2 минути сабајле.
Се спремам за фајронт и сите гости се отидени,
само уште една запиена женска стои на шанк
-девојко готово за денес, треба да затворам
Не реагира, како да е скаменета
-девојко добра си?
-да… уствари не, многу сум осамена
-и јас сум, сакаш да идеме кај мене?
-а не, имам дечко
-е па зошто си тогаш осамена?
-па не ме ферма, или гледа фудбал
или е по кафани,
другарите му се побитни од мене
-можда има друга?
-Нема
-Од кај знаеш?
-Се приметува тоа
-Ок, ти си знаеш..и сега што?
-Може тука да останеме? – ме замолува
-ејјјј, окапав тука, ми се иде дома
-Ај само малку, те молам
-добро ај, пола саат више-мање не е битно,
сакаш да пуштам некоја музика?
-Може некоја за играње?
-за играње?.. каква ти е таа музика?
-па што знам?
-може Smiths?
-може, сакаш да играме?
-не фала, повише сакам да збориме
-еј што си!?! – вика разочарано
-имам идеја… ај ќе ги извадиме главите
и ќе ги ставиме на шанк да си зборат
а телата нека шизат
-може, и ти задоволен и јас
И така додека телата ни играа на подиум
нашите глави разговараа на шанк
Уствари она збореше, јас само слушав
Ми збореше за дечко и’, за тој пред него,
па тој пред него и кога стигна до 52-риот
ја прекинав
-добро ма, ти колку дечковци си имала?
-само 3
-хаха од кај 3, до сега преку 50 ги наброја
-па женско сум, ако кажам 3 тогаш се стварно 3
-а другите?
-исто како да не сум ги спомнала,
вие машките додавате ние женските одземаме
-ок, тогаш јас сум ти 4-ти
-ти?..од кај тоа?
-па види ни ги телата што прават во сепаре
Врти поглед и не и’ се верува што гледа
-леле стварно, јас мислев играат а тие се ебат!!!
-ете, може сега да ги вратиме главите на место
и да идеме кај мене?
-а со дечкото што да правам?
-па раскини му
-не можам, го сакам..уствари никад не би била со тебе,
катастрофа си ама сега ме фати на пијано
-фали ти што си таква идиотка, не ми се верува
како ми го плесна во лице
-фала ти и на тебе што си така глуп
Се разделивме непријателски
и си отидовме секој во својата самотија
Посетено 3.340 пати